Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе го одржи симфонискиот концерт „Островска инспирација“, на кој како солист ќе настапи врвната јапонска виолинистка Сајака Шоџи.
-
Култура 07.04.2016 10:40
-
Култура 05.04.2016 14:23
Калиопи со импресивен настап на московскиот Гала концерт
Македонската евровизиска претставничка Калиопи викендов престојуваше во Москва, кадешто на покана на организаторот на еден од најголемите промотивни евровизиски настани, за прв пат во живо ја изведе евровизиската тема „Дона“.
-
Култура 05.04.2016 14:20
Комеморативна седница во МАНУ за Глигор Чемерски
Од првата самостојна изложба во Скопје во 1962 година, па сѐ до денеска, академикот Глигор Чемерски реализирал повеќе од 50 самостојни изложби во земјава и во странство. Неговите слики се изложени во јавни институции низ многу земји, но и во приватни колекции.
-
Култура 04.04.2016 18:40
Во Ресен отворена Спомен куќа на Татарчеви
Отворени вратите на Спомен куќата на Татарчеви во Ресен. Во него се претставени значајни личности од македонската историја, поврзани со животот и делото на овој револуционер, артефакти, слики, восочни фигури. Во овој проект се вложени 30 милиони денари.
-
Култура 01.04.2016 12:54
65 години од формирањето на Државниот архив
Под мотото „Градење мостови“, Државниот архив прославува 65 годишно постоење. По тој повод се одржа состанок, со цел основање на Професионално архивско здружение на архивите од Југоисточна Европа.
-
Култура 31.03.2016 14:49
Нова библиотека во Археолошкиот музеј на Македонија
Новата библиотека на британската фондација „Кирил Трајковски“ содржи 3.500 печатени книги и 30 илјади публикации во дигитална форма. Треба да придонесе во едукацијата на младите генерации археолози и стручни лица, да ги надградуваат своите сознанија за наследството на нашите простори.
-
Култура 30.03.2016 17:07
Заврши проектот „Ѕвезди на светската книжевност“
Промовиран и последните 38 наслови од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“. Заврши проектот кој е најкомплексен зафат во историјата на македонската литература и издаваштво – оценува министерката Канческа. За четири години се промовирале 560 дела од светската литература.
-
Култура 29.03.2016 16:47
Премиера на филмот „Џган“
Новиот македонски игран филм „Џган“ кој премиерно ќе биде прикажан утре пред македонската публика, е дебитантско дело на режисерот Вардан Тозија.
-
Култура 29.03.2016 11:42
Отворена изложбата „Ана Франк- лекции за сегашноста“ во Прилеп
Таа е симбол на страдањата, на ужасите од Втората Светска војна врз еден народ, но и показ за сегашноста и како не треба биде.
-
Култура 28.03.2016 15:00
„Денови на македонската музика“ од 30-ти март до 14-ти април
Концерти, светски и домашни премиери.










