Со гостување во соседна Србија, Калиопи ја започна промотивната евровизиска турнеја.
-
Култура 26.03.2016 18:34
-
Култура 25.03.2016 08:35
Операта „Турандот“ премиерно во Македонската опера и балет
Македонската опера и балет вечер премиерно ќе ја изведе операта во три чина „Турандот“ од Џакомо Пучини. Таа е една од најпопуларните опери на италијанскиот композитор која МОБ ја обновува по 14 години од првата изведба во Македонија, со нова авторска и солистичка екипа.
-
Култура 23.03.2016 12:37
Министерството за култура откупи три драмски текстови
„Госпоѓиците од Авињон“ на авторот Сашо Димоски, „Најденко во магичниот круг“, на авторот Татјана Гогоска и „Лична Ангелина“ на Загорка Поп-Антоска, се трите драмски текстови избрани на вториот конкурс на Министерството за култура, од 39 пристигнати.
-
Култура 23.03.2016 10:54
Светската сензација на мандолина, Ави Авитал, солист со Македонската филхармонија
Светската музичка сензација Ави Авитал од Израел, на утре во Домот на АРМ во 20 часот, ќе настапи како солист на мандолина заедно со оркестарот на Македонската филхармонија на концертот насловен „Алхемија“.
-
Култура 21.03.2016 15:35
Маргарет Етвуд- добитник на „Златен венец“ за 2016-та
Поетите пишуваат поезија бидејќи ги љубат стиховите- чувствуваат нескротлива желба кон нив, пишува во писмото до Струшките вечери на поезијата, добитничката на Златниот венец, Маргарет Етвуд. Вели дека и е чест што е вклучена во група со истакнати поети.
-
Култура 21.03.2016 14:43
Дела од „Битолскиот монмартр“ дел од иконографијата на олимпијадата во Рио
„Битолскиот монмартр“ станува препознатлив бренд и на големите светски спортски манифестации. По иницијатива на македонскиот, Меѓународниот олимписки комитет одлучи нивните ликовни дела да бидст дел од иконографијата на олимпијада во Рио.
-
Култура 21.03.2016 12:34
Канадската авторка Маргарет Етвуд добитник на Златниот венец на СВП
Канадската авторка Маргарет Етвуд е добитник на наградата „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата, соопшти денеска раководството на поетскиот фестивал.
-
Култура 21.03.2016 10:42
СВП ќе го соопшти добитникот на „Златниот венец“ за 2016 година
На Светскиот ден на поезијата, Управниот одбор и Дирекцијата на фестивалот „Струшки вечери на поезијата“, денеска на свечена седница во МАНУ ќе го објават лауреатот на наградата „Златен венец“ за 2016 година.
-
Култура 19.03.2016 11:52
Почина Ацо Јовановски, бард на македонското глумиште
На 86 годишна возраст синоќа во Скопје почина актерот Ацо Јовановски (1930 – 2016), бард на македонското глумиште.
Јовановски стана дел од првата генерација дипломирани актери, чија театарска кариера започнува веднаш по дипломирањето во 1952 година во Македонскиот народен театар.
-
Култура 18.03.2016 14:57
Aктери аматери со Даунов синдром ќе ја изведат „Викај ги среќа“ во МНТ
Сакаме да бидеме вистински актери - вака децата со даунов синдром го пренесоа искуството од неколку неделните проби на претставата „Викај ги среќа“. Во театарското остварување ја играат главната улога. Премиерата е в недела.








