Триесет дена ефективен притвор определи скопска единица за косовецот кој со камион усмрти четворица на скопска обиколница. Одлуката доаѓа на барање на обвинителството, кое процени дека осомничениот може да избега или да го повтори делото ако биде пуштен да се брани од слобода.
-
Македонија 23.05.2026 17:02
-
Македонија 23.05.2026 16:01
Иновативни решенија за заштита на животната средина
Средношколци од Крушево предложија од отпадното масло од угостителските објекти да се произведува миризливи сапуни. Во училишната лабораторија тие веќе го тестирале целиот процес како дел од решенијата за почиста животна средина.
-
Македонија 23.05.2026 15:34
Реакции по оставката на Земон
Откако Рубин Земон, член на извршниот одбор на СДСМ, реши да се повлече од партиската функција поради критиките во јавноста за скандалозните изјави за историската улога на македонскиот револуционер Гоце Делчев, од владејачката партија велат-СДСМ и Венко Филипче се откриени во намерите и политикит
-
Македонија 23.05.2026 14:47
Молебен на гробот на Свети Кирил
Во чест на сесловенските просветители, во базиликата „Сан Клементе“ во Рим се одржа молебен на гробот на Свети Кирил. Чиноначалствуваше Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Од Рим известува Миле Ристески
-
Македонија 23.05.2026 13:55
Технологијата во функција на земјоделството
Како да се ѓубри и кога? При временски неприлики, техниката да го замени земјоделецот. Современото време во кое живееме, мотиките и греблото ги замени со софистициран дрон-советник.
Пелагониската е најголемата житница во државава. Но, нема многу млади кои сакаат да работат земја.
-
Македонија 23.05.2026 12:51
Доцни дисперзијата на онколошките третмани
Стотици онколошки пациенти од внатрешноста секое утро се упатуваат во Скопје за дијагностика, лекување и контроли. Со години најавуваната дисперзија на онколошките третмани во болниците надвор од Скопје сè уште не е реализирана.
-
Македонија 23.05.2026 10:08
Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
По повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница, нагласувајќи ја нивната историска истрајност и придонес во македонското општество.
-
Македонија 23.05.2026 09:48
Се бара притвор за возачот по тешката сообраќајна несреќа на скопската обиколница
Јавното обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
-
Македонија 23.05.2026 09:10
Молебен во чест на Св. Кирил во базиликата „Сан Клементе“ во Рим
Државно-црковна делегација, предводена од собранискиот спикер Гаши во Ватикан на аудиенција кај папата Лав 14-ти. Политичарите во светата столица демонстрираа единство.
-
Македонија 23.05.2026 08:46
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информираат од АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










