Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишна осомничена за – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
-
Македонија 22.05.2026 16:31
-
Македонија 22.05.2026 16:08
МЖСПП: Поддршка за модернизација на зоолошките градини во Скопје и Битола
По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на биолошката разновидност под мотото „Делување локално за глобално влијание“, беше потпишан трипартитен Меморандум за соработка помеѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и зоолошките градини во Скопје и Битола.
-
Македонија 22.05.2026 15:47
Јавна трибина за корупцијата и политичката одговорност
„Држава за сите или плен за малкумина, може ли Македонија да ја победи корупцијата?“, тема на јавната трибина, во организација на институтот „Радика“.
-
Македонија 22.05.2026 15:30
Лишен од слобода крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
Вчера во 15:00 часот на улица „Беличица“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишија од слобода С.М.(20) од Шуто Оризари, Скопје, со привремен престој во Гостивар.
-
Македонија 22.05.2026 14:24
Во Кочани отворен е Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи
Никој не треба сам да се соочува и да ги минува траумите во животот, Центар за бесплатна стручна помош од психолог и психотерапевт се отвори во кочанската болница во соработка со медицинскиот универзитет во Грац, Австрија и Универзитетската клиника во Скопје.
-
Македонија 22.05.2026 13:40
Муцунски: Дијалогот е важен, иако сме далеку од решение со Софија
Прва официјална средба на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски со бугарската колешка Велислава Петрова Чамова на маргините на министерскиот состанок на НАТО во Хелсингборг, Шведска.
-
Македонија 22.05.2026 13:32
Може ли Македонија да ја победи корупцијата?
Институтот за меѓународни, стратегиски и безбедносни студии „Радика“ одржа јавна трибина на тема „Држава за сите или плен за малкумина – може ли Македонија да ја победи корупцијата?Марија Котовска известува. -
Македонија 22.05.2026 13:27
Делегација на аудиенција кај папата Лав 14
Македонска државно-црковна делегација предводена од собранискиот претседател Африм Гаши и Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан е во Рим и Ватикан.
-
Македонија 22.05.2026 13:24
Одбележување 77 години од основањето на УКИМ
Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ го одбележува патронот, прославува и 77 години постоење.
Наташа Јанчиќ-Менковски го следи настанот.
-
Македонија 22.05.2026 13:19
Четворица загинати, камион удри во возило
Четири лица го загубија животот доцна синоќа во сообраќајна несреќа на скопската обиколница. Камион преминал на спротивната лента и директно удрил во автомобил.
По судирот избувнал пожар. Возачот на товарното возило е уапсен.










