Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најави дека од денес јавно ќе објавува документи кои ги доставила до институциите за криминал во Општина Чаир. Во Обвинителството е отворен предмет.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најави дека од денес јавно ќе објавува документи кои ги доставила до институциите за криминал во Општина Чаир. Во Обвинителството е отворен предмет.
Известува Анита Димитријевска-Велковска.
Во среда во Брисел, расправа за извештајот за Македонија, подготвен од известувачот за земјава, Томас Вајц. Со него се потврдуваат македонскиот идентитет и јазик, но, поднесени се и амандмани од бугарски европратеници.
Известува Миле А. Ристески
На пациенти со тешка форма на епилепсија, на коишто не им помагале лекови им се подобрила состојбата, откако со помош на оперативна процедура им бил вграден Вагус Неврс Стимулатор на Клиниката за неврохирургија.
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, учествува на 52-та Европска регионална конференција на Интерпол, што се одржува од 2-ри до 4-ти јуни во Атина.
Средношколците и годинава пробале да ги заобиколат правилата. Фатени се десетина ученици кои се обиделе од своите мобилни телефони да препишуваат на државната матура. Веднаш биле отстранети од тестаторите и матурата за нив ќе се одржи наредната година.
Денеска на жичницата „Милениумски крст“ на Водно се реализираше показна вежба на тема „Евакуација од жичница“, во која учествуваа тимови на Специјалната единица за антитерористичка единица - Тигар на Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.
На армискиот полигон Криволак се одржува воената вежба „Брз одговор 25“. Учествуваат повеќе од 2.000 војници од државата, САД, Црна Гора, Косово, Австрија, Грција, Албанија, Италија и Обединетото Кралство.
Државниот завод за статистика денеска со свечена академија ќе одбележи 80 години од основањето на институцијата, а во рамки на јубилејот утре ќе организира и Статистичка конференција „25 години родови податоци“.
Заменик-министерката за европски прашања, Викторија Трајков денеска е во работна посета на општина Илинден, каде ќе се сретне со градоначалникот на општината, Александар Георгиевски.