Најмладиот има само пет години. Расте бројот на деца кои користат и продаваат дрога и психотропни супстанции. Алармантни податоци во анализата на Народниот правобранител кој бара итна реакција од институциите.
-
Македонија 30.05.2025 17:49
-
Македонија 30.05.2025 17:33
Мицкоски во Будимпешта на средба со Орбан
Македонија останува цврсто посветена на својот европски пат, на остварувањето на европската перспектива и на зачувувањето на стабилноста во регионот. Ова го изјави премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за време на посетата на Будимпешта.
-
Македонија 30.05.2025 16:52
Претставниците на седум независни граѓански листи бараат итно да се направат измени на Изборниот законик
Најмногу до 50 собрани потписи за кандидатура на независните листи за советници за локалните избори е клучното барање на граѓански иницијативи, кои според нив, треба да се преточат во измени на Изборниот законик. Оттаму побараа да бидат вклучени во работната група за носење на законските измени.
-
Македонија 30.05.2025 16:25
Бугарскиот парламент усвои нова резолуција за Македонија
Откако премиерот Мицкоски упати јавен повик до опозицијата за национално единство и заедничко лобирање со резолуцијата на Европскиот парламент за поддршка на македонскиот јазик и идентитет, Софија повлече потег.
-
Македонија 30.05.2025 16:05
Младите, евроинтеграцијата и меѓународните принципи – теми на билатералните средби на Сиљановска-Давкова на маргините на Астана форумот
На средбата со Бан Ки Мун се зборуваше за меѓународните принципи и правила врз кои почива Светската организација и дека тие мора да бидат основа за решавање на сите конфликти и спорови со кои се соочува светот, а малите и средни по големина држави треба да имаат подеднаква улога во креирањето на
-
Македонија 30.05.2025 14:57
Се зголемува бројот на згрижувачки семејства, но расте и потребата од нив
Вредноста од семејниот живот е најважна за децата. За едно дете да прерасне во здрава личност и да биде сакано, потребна му е поддршката од семејството. Но, не секое дете има таква можност и привилегија. Затоа, тука се згрижувачите.
-
Македонија 30.05.2025 14:29
Заврши истрагата за пожарот во Кочани
Заврши истрагата за трагедијата во Кочани. За тешки дела против општата сигурност се товарат четириесетишестмина. Соопштија од кочанското Обвинителство. Одбраната на осомничените ќе може да направи увид во доказите и да предложи свои по што ќе следува одлуката на Јавното обвинителство.
-
Македонија 30.05.2025 13:33
Расте бројот на питачи кои користат дрога
Народниот правобранител претстави анализа за состојбата на децата во Македонија кои користат дрога и други психотропни супстанци. Податоците се загрижувачки – расте бројот на зависници.
Прес-конференцијата ја следеше Викторија Милевска.
-
Македонија 30.05.2025 13:31
Се бараат итни измени на Изборниот законик
Претставниците на седум независни граѓански листи бараат итно да се направат измени на Изборниот законик за да им се овозможи да учествуваат на локалните избори. По одлуката на Уставниот суд, во моментов постои правна празнина.
Известува Игор Панов.
-
Македонија 30.05.2025 13:25
Подигнување на свеста за мултипла склероза
Околу 1.500 луѓе во Македонија боледуваат од мултипла склероза, хронична и прогресивна болест на централниот нервен систем. За жал, секоја година се дијагностицираат меѓу 90 и 120 пациенти. На Светскиот ден се одржа марш за подигнување на јавната свест.










