62. жртва од пожарот во кочанската дискотека е 24-годишниот Стојанче Стефанов. Тој почина на Воено-медицинската академија во Белград каде што се лекуваше од првиот ден на несреќата и за цело време бил во критична состојба.
-
Македонија 17.04.2025 17:40
-
Македонија 17.04.2025 16:59
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој смртно ја прегази Теодора, на потег Апелацискиот суд
Две години затвор е малку за Менсур Пајазити. Ова е ставот на тетовското обвинителство кое реши да се жали пред Апелацискиот суд и да бара построга казна.
-
Македонија 17.04.2025 16:44
Истрагата за „Пулс“ продолжува, Папазов оди во куќен притвор, Бектеши останува во затвор
Се пријавил сам и полицискиот службеник кој не им беше достапен на органите на прогонот, по што бил изведен пред судија на претходна постапка.
-
Македонија 17.04.2025 16:39
Нема криза во владината коалиција по одлуката на Алијанса на Албанците, вели Касами
Алијансата на Албанците се самоисклучи од ВРЕДИ, ваков е ставот на лидерите на коалицијата по одлуката на Таравари за самостоен настап на локалните избори.
-
Македонија 17.04.2025 16:22
Јотова: Бугарските барања се нормални, не се каприц, Софија не го блокира патот на Скопје кон Брисел
Бугарија нема да поставува дополнителни услови за македонската интеграција во европската унија, се искривуваат нашите барања што водат кон двострана блокада, оцени потпретседателката Илијана Јотова. Дополни и дека во основата е францускиот предлог.
-
Македонија 17.04.2025 14:57
Велики четврток - почеток на велигденските празнувања
Православните верници започнаа со подготовките за најголемиот христијански празник Велигден. Симболот на овој празник се црвените јајца. Според обичаите на Велики четврток во раните утрински часови, пред изгрејсонце, домаќинките започнуваат со вапсување на првите три јајца во црвена боја.
-
Македонија 17.04.2025 14:45
Стабилно, сончево и топло време во деновите од продолжениот празничен викенд
Во деновите од продолжениот велигденски празничен викенд времето ќе биде стабилно, сончево и топло. Само утре ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно време со локален дожд и грмежи, особено претпладне, соопшти УХМР.
-
Македонија 17.04.2025 14:01
Уште една жртва од пожарот во Кочани, пациент во Белград подлегна на повредите
62-ра жртва од пожарот во Кочани. Денеска претпладне, за жал, подлегна на повредите Стојанче Стефанов од Кочани, роден 2001 година, информираше Министерството за здравство.
-
Македонија 17.04.2025 13:29
Приведени четворица крадци од Скопје, одзеле повеќе предмети од објект на ЈП Железници
Единицата за внатрешни работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Е.З.(52), А.А.(55), Р.Д.(31) и С.Д.(32), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“, од кои една во обид.
-
Македонија 17.04.2025 13:28
Се чека извештајот од стручната комисија
Стручна комисија ги истражува сомнежите околу ангиографската сала и недостигот на стентови на Кардиологија. Случајот го отвори прашањето дали клиниките ги имаат основните можности за континуирана заштита и третман на пациенти и ги почитуваат протоколите.










