Продолжуваат превирањата во „Вреди“ по ставот на Тараври соло да трча со советнички листи на локалните избори. Од коалицијата велат Алијанса на Албанците сама се исклучи.
Марина Стојанова Тонева разговара со политикологот Љуљзим Фаризи.
Продолжуваат превирањата во „Вреди“ по ставот на Тараври соло да трча со советнички листи на локалните избори. Од коалицијата велат Алијанса на Албанците сама се исклучи.
Марина Стојанова Тонева разговара со политикологот Љуљзим Фаризи.
Тетовското обвинителство смета дека изречената двегодишна затворска казна за обвинетиот Менсур Пајазити е преблага со оглед на тоа дека предизвика сообраќајка во која ја усмрти 23- годишната Теодора Ристовска.
Полицискиот службеник осомничен за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој вчера не беше достапен за органите на прогонот, утрово се пријавил во Обвинителството. Изведен е пред судија на претходна постапка.
На 16.04.2025 во 11.45 часот на улица „Круме Угриноски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Е.З.(28) од Кичево.
Министерството за внатрешни работи во пресрет на претстојните Велигденски празници, ја информира јавноста дека утре (18.04.) сите Отсеци за управни работи при Одделот за управни работи на МВР, освен Одделението за управни работи Скопје ќе работат во периодот од 08.00 до 16.00 часот.
Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласувања со правната квалификација, тврдат од Обвинителството, откако ДУИ излезе со информација дека еден јавен обвинител кој бил дел од предметот се повлекол поради несогласувањата околу кв
Основното јавно обвинителство Тетово изјави жалба на пресудата на Основниот суд во Тетово од 07.04.2025 година со која обвинетиот М.П.
Од денеска до 31-ви мај сообраќајот на автопатот Демир Капија – Смоквица ќе се одвива само по левиот тунел бидејќи десниот тунел ќе се реконструира.
Пред изгрејсонце се вапсаа велигденските јајца. Најмалите беа измиени со првото црвено јајце, за здравје.
Храмовите се отворени за молитвите на верниците, за најтажниот ден – Велипеток и исчекувањето на Христовото воскресение.
Традициите се силни за поцврсто семејно заедништво.
Во рамки на кампањата „Стоп за корупција“, до 25-ти април на граничните премини и царинските испостави ќе се делат брошури преку коишто јавноста ќе може да се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува истата.