Две сложени интервенции биле извршени на Клиниката за дигестивна хирургија во Скопје, информираа од ресорот здравство на денешната прес-конференција. Успешно е извршена петтата трансплантација на црн дроб, трансплантирани се бубрези и земени материјали за коскени ткива.
-
Македонија 16.04.2025 14:25
-
Македонија 16.04.2025 14:00
Хаотична состојба во општинските служби, наследил новиот градоначалник на Кочани
Алармантна и хаотична е состојбата во локалната самоуправа во Кочани, а уште полошо е во комуналното претпријатие. Ова го изјави Венко Крстевски кој од денес официјално е в.д. градоначалник на Кочани. ЈП „Водовод“ кадровски е неекипирано и со долг од околу три милиони евра.
-
Македонија 16.04.2025 13:58
Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведено едно лице
На 15.04.2025 во 20.20 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.Т.Г.(28) од село Колешино.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени околу 120 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
-
Македонија 16.04.2025 13:37
Дискриминација: Зголемен број претставки за работата и работните односи
Речиси 80 проценти од претставките на граѓаните по основ на дискриминација се однесуваат за државните институции, органи на управата, општините и јавните претпријатија. Според извештајот на комисијата за 2024 година, најчестите причини за доставување на пријави се работата и работните односи.
-
Македонија 16.04.2025 13:25
Лидерите на „Вреди“ попладнево ќе ја разгледаат одлуката на Таравари
Превирањата во коалицијата „Вреди“ продолжуваат. По одлуката на централното претседателство на Алијанса на Албанците, на Таравари, дека на локалните избори наесен ќе продолжат сами, „Вреди“ на вонреден состанок ќе носат одлука.
-
Македонија 16.04.2025 13:24
Од 47 повредени во пожарот во Кочани, еден е во многу критична состојба
Состојбата на пациентите не е промената. Двајца остануваат во критична состојба, на преостанатите им се подобрува. Од 47-те пациенти кои се лекуваат во странските земји, за утре е најавено враќање на еден пациент.
Повеќе на оваа тема од Наташа Јанчиќ-Менковски.
-
Македонија 16.04.2025 13:11
Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани, под истрага 10 полициски службеници
Се проширува истрагата за трагедијата во Кочани. Осомничени се седуммина полициски службеници. Информациите ги потврдија и од МВР и од Обвинителството.
Известува Марина Стојанова-Тонева.
-
Македонија 16.04.2025 12:38
Одложено рочиштето за двојното убиство, адвокатот на Палевски најавил отсуство од здравствени причини
Има лек за евентуални следни отсуства на бранителите. Судечкиот судија Стефановски е дециден дека ќе поставува бранители по службена должност, наместо да одлага рочишта за да спречи одолговлекување на процесот.
-
Македонија 16.04.2025 12:36
Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворск
-
Македонија 16.04.2025 11:36
Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро
На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари. Против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело криумчарење, казниво по Кривичниот законик.









