Економијата останува главен фокус, создавање подобро платени работни места, повеќе инвестиции, подобра инфраструктура, посилни домашни компании и поголеми средства што ќе остануваат во семејните буџети-изјави на митингот во Брвеница премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-
Македонија 29.09.2026 12:39
-
Македонија 29.09.2026 12:04
Хоџа: За водите ни требаат заеднички решенија, инвестиции и цврста регионална соработка
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, учествуваше на Втората министерска средба за вода на Унијата за Медитеранот (UfM) во Рим, каде ја истакна потребата од силна регионална соработка во услови на сериозни климатски предизвици.
-
Македонија 29.09.2026 11:28
Фон дер Лајен в петок во Скопје, европската перспектива и спорот со Бугарија во фокус
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, в петок ќе престојува во Скопје, како дел од нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
-
Македонија 29.09.2026 11:15
Утре обид за договор за измените на Изборниот законик
Министерот за правда Шасивари во обид утре да ги седне на иста маса претставниците на парламентарните партиите за измените на Изборниот законик.
-
Македонија 29.09.2026 10:58
Забелешки и предлози за Предлог-концепцијата за талентирани и надарени ученици
Бирото за развој на образованието, во соработка со Министерството за образование и наука, ја објави на јавна расправа Предлог-концепцијата за откривање и работа со талентирани и надарени ученици во основното образование.
-
Македонија 29.09.2026 10:09
Од 1 октомври аплицирање за продолжување на студентските стипендии
Корисниците на студентска стипендија од изминатите академски години, кои ги исполнуваат договорните услови за продолжување на правото на стипендија, од 1 до 30 октомври 2026 година ќе можат да аплицираат електронски.
-
Македонија 29.09.2026 09:33
Бесплатни кардиоваскуларни прегледи по повод Светскиот ден на срцето
По повод 29 Септември – Светскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје денеска организира теренска превентивна активност насочена кон подигнување на свеста за кардиоваскуларното здравје и превенцијата на кардиоваскуларните заболувања.
-
Македонија 29.09.2026 09:17
Тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите
Денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во организација на Центарот за истражувачко новинарство СКУП-Македонија ќе се одржи тркалезна маса за етичката употреба на вештачката интелигенција во високото образование и медиумите.
-
Македонија 29.09.2026 08:12
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.09.2026 08:07
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.










