Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска ќе одбележи две децении од донесувањето на Законот за слободен пристап до информации. Одбележувањето ќе се одржи во Клубот на пратеници под мотото „20 години транспарентност што гради доверба“.
-
Македонија 28.09.2026 09:19
-
Македонија 28.09.2026 08:16
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.09.2026 08:14
Собранието домаќин на регионална конференција за фемицид
Собранието следниве два дена е домаќин на регионална конференција за фемицид во Југоисточна Европа.
-
Македонија 28.09.2026 08:06
Сиљановска-Давкова учествува на 22. Европски самит во Салцбург
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Австрија, по повод учеството на 22. Европски самит во Салцбург.
Предвидено е претседателката да се обрати на сесијата на тема „Дали Европа (сè уште) е глобален играч?“.
-
Македонија 28.09.2026 08:01
Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 13, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
-
Македонија 27.09.2026 18:47
Протестен собир за поддршка на поранешните лидери на ОВК
Со извици „УЧК, УЧК“, но и повици за правда – попладнево во Скопје, на плоштадот Скендербег се одржа протестен собир во знак на поддршка за поранешните лидери на ОВК, кои специјалниот суд во Хаг ги осуди за воени злосторства и злосторства против човештвото.
-
Македонија 27.09.2026 17:51
Поголема улога на Брисел во спорот со Софија
Пред балканската турнеја на шефицата на Европската комисија Фон дер Лајен, во Скопје ќе ѝ биде упатена порака дека е нужно ЕУ да се вклучи во разговорите со Софија за да има некаков напредок, оти Македонија нема да влезе во процес без јасна претстава за неговиот крај, нема да направи уставни пром
-
Македонија 27.09.2026 16:54
Пациенти се разнесуваат по градови за чистење декубитални рани
Млада пациентка, којашто поради болеста е неподвижна и со декубитална, односно рана од лежење, матичната лекарка морала да ја прати во хируршкиот центар во Тетово.
-
Македонија 27.09.2026 16:15
Филипче: Гробари на партијата се прикажуваат како спасители
Гробари на партијата, се прикажуваат како спасители-претседателот на СДСМ, Филипче со жестоки обвинувања кон припадниците на Платформата 12:05, кои јавно побараа негова смена.
-
Македонија 27.09.2026 15:28
21 возач лишен од слобода поради „безобѕирно управување возило“
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишиле од слобода 21 возач и извршиле службен разговор со уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.









