Дијабетичарите алармираат дека се појави недостиг на инсулини за одреден број на болни од дијабетес и антидијабетска терапија. Тендерот е поминат, но не е потпишан, па стравуваат дека ќе се јави нова криза со терапијата.
-
Македонија 03.04.2025 15:43
-
Македонија 03.04.2025 15:15
Линеарно зголемување на платите за сите вработени во јавното здравство
Со најновото линеарно зголемување на платите од 2.500 денари за сите вработени во јавното здравство, заедно со ноемвриското покачување, вкупното зголемување на платите достигнува околу 4.800 денари, а за медицинските сестри 6.200 денари.
-
Македонија 03.04.2025 14:58
Почна средбата Мицкоски-Филипче во Владата
Во Владата се одржува средбата меѓу премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Пред состанокот со премиерот, лидерот на СДСМ изјави дека очекува конструктивен разговор и оти е внимателен оптимист.
-
Македонија 03.04.2025 14:46
Влада: Одлуката на САД за царинските трошоци нема да има голем импакт врз нашата економија, имаме подготвен план
Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави, велат од Владата.
-
Македонија 03.04.2025 14:05
Црвен крст: Денес е извршена и втората исплата за поддршка на настраданите во Кочани
Заклучно со денешниот ден во апелот на Црвениот крст на РСМ за настраданите од пожарот во Кочани собрани се 112.595.482,00 денари. Досега Црвениот крст на РСМ изврши првична исплата на средства на семејствата на сите починати и повредени лица кои се лекуваат во странство и во земјата.
-
Македонија 03.04.2025 13:54
Случаите на туберкулоза во земјава на стабилно ниско ниво
Има случаи на туберкулоза, но ние сме земја со низок ризик. Проблемот не е само на индивидуата, туку и на колективот бидејќи станува збор за заразна инфективна болест.
-
Македонија 03.04.2025 13:38
Крива Река е загадена и неупотреблива
Водата на Крива Река е сериозно загадена и неупотреблива за која било намена, вели градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој ја презентираше новата анализа на Институтот за јавно здравје.
-
Македонија 03.04.2025 13:16
Во Собранието пратенички прашања на опозицијата
Опозицијата прашува, власта одговара. Седница за пратенички прашања. Во фокусот, големата трагедија која се случи пред три недели во Кочани, со загуба на 59 млади животи.
Од Собранието известува Миле А. Ристески.
-
Македонија 03.04.2025 13:09
Средба Мицкоски-Филипче во Владата
За 14 часот во Владата на разговори со премиерот Мицкоски доаѓа лидерот на СДСМ Филипче, кој ја иницираше средбата, за како што рече, да се воспостави општествен и политички дијалог околу натпартиска стратегија.
-
Македонија 03.04.2025 12:46
Тошковски: Неселективна борба против криминалците
Како полицискиот службеник и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски дошол до документите кои биле изнесувани од МВР, а биле класифицирани како службена тајна – министерот Тошковски не открива детали. Вели, истрагата е во тек, но тврди-казни за сите кои го кршат законот ќе има.










