По повод Светскиот ден на свесноста за аутизмот, во младинскиот центар „Матично“ во Општина Центар е поставена изложбата „Моите херои“, на млада и талентирана авторка – Јана Иванова, ученичка во четврто одделение во ООУ „Димитар Миладинов“.
-
Македонија 02.04.2025 14:46
-
Македонија 02.04.2025 14:26
Советот на јавни обвинители против разрешување на Коцевски
Со мнозинство од шест гласа Советот на јавни обвинители даде негативно мислење, односно се изјасни против предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски.
-
Македонија 02.04.2025 14:10
Речиси половина од судовите лани биле неажурни
Речиси половина од судовите од државата лани биле неажурни – покажува извештајот за работата на судовите за 2024 година кој се разгледуваше на денешната седница на Судскиот совет.
-
Македонија 02.04.2025 13:34
Кешишев сведочи, Палевски надвор од судница
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. По Манев и Видевски, на ред за сведочење Влатко Кешишев, кој на инспекторите им го покажал местото каде што го закопале девојчето.
-
Македонија 02.04.2025 13:24
Филипче: Прво средба со Мицкоски, па лидерска
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче прифаќа тет-а-тет средба со премиерот Мицкоски за да го образложи планот за реформа на системот.
-
Македонија 02.04.2025 13:12
Надојдената Маркова Река поплави објекти
Надојдената вода на Маркова Река поплави делови од Студеничани, Кисела Вода и Аеродром. Има пријавени за поплавени куќи, магацини и индустриски објекти во Студеничани и Батинци, како и во Горно Лисиче. Механизацијата е на терен.
Известува Андријана Ѓурческа
-
Македонија 02.04.2025 13:02
Јавна седница во скопска Апелација за Ласкарци
Во скопска Апелација се одржува јавна седница за Ласкарци, за автобуската несреќа од 2019-та, кога загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени. Ова следува откако Обвинителството поднесе жалба.
-
Македонија 02.04.2025 12:55
Советот на јавни обвинители даде негативно мислење за разрешување на Коцевски
Советот на јавните обвинители даде негативно мислење за владиниот предлог за разрешување на републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски.
-
Македонија 02.04.2025 12:45
Чибишев: Со брза реакција за среќа ги одржавме во живот сите пациенти
Инхалаторните труења прават опструкции, со брза реакција ги одржавме во живот сите пациенти, вели директорот на Токсикологија, Андон Чибишев, потсетувајќи се на кобната несреќа во Кочани.
-
Македонија 02.04.2025 12:20
Филипче повика на воспоставување нов општествен и политички дијалог
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, повика на воспоставување нов облик на политички и општествен дијалог, кој ќе овозможи дефинирање на долгорочна стратегија за развојот на државата.










