Застреланата социјална работничка од Прилеп е во добра состојба. Нејзините колеги денеска излегоа на протест, бараат физичко обезбедување.
Елизабета Mитреска известува од Прилеп.
Застреланата социјална работничка од Прилеп е во добра состојба. Нејзините колеги денеска излегоа на протест, бараат физичко обезбедување.
Елизабета Mитреска известува од Прилеп.
Ќе го исправиме она што повеќе од три децении беше погрешно. Премиерот Мицкоски го образложи мораториумот, со којшто ќе се остави простор да се отстранат неправилностите. На списокот има и државни објекти. Веќе е донесена одлука и за одземање лиценца за градење и урбанистичко планирање.
Нови претрес и распити во рамки на истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. Под лупа и друг објект на сопственикот. Одземена е документација.
Наташа Јанчиќ-Менковски е во Кочани.
Дванаесетмина повредени кои се лекуваа во болниците во Скопје се пуштаат на домашно лекување. Бројот на хоспитализирани во земјава падна под 30.
Денеска започна изградбата на мега парк, јавна површина со плоштад и пешачка патека во Радишани, како еден од дванаесетте проекти кои Општина Бутел ќе ги реализира со средства одобрени на првиот владин јавен повик за финансиска поддршка за инфраструктурни општински проекти.
По преземени мерки и активности и по претходно добиени сознанија, на 24.03.2025 околу 19.30 часот во објект во с.Студеничани, скопско, сопственост на М.Ш.(50) од с.Студеничани, полициски службеници пронашле шест лица мигранти, кои со употреба на сила и закани биле држани во објектот.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека од досегашните контроли на над 3.100 лиценци во делот на градежното работење и урбанистичкото планирање, кај 479 лиценци констатирано е неправилно работење и поради тоа на сите овие правни лица ќе им бидат одземени лиценците.
Околу 130 психолози од земјава се вклучија во помош и поддршка пред сè на средношколците и студентите во Кочани и Штип. Со учениците се работи во групи и индивидуално, каде се учи како тие да се справат со емоциите од загубата на своите блиски.
Во текот на вчерашниот ден и денеска истражните тимови на Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи координирано преземаат дејствија за обезбедување докази во истрагата во врска со трагичниот пожар во Кочани.
Го пречекаа како херој. Несебичната пожртвуваност на Јован Костадинов со аплауз и насмевки ја наградија неговите соученици и професори од гимназијата „Ванчо Прќе“ од Виница. Горди се, велат, што постои таков меѓу нив.