СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска со почеток од 20.45 часот поради одржување на меѓународен квалификациски фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“ во Скопје, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.
-
Македонија 25.03.2025 11:06
-
Македонија 25.03.2025 10:37
Таравари: На домашно лекување заминуваат 12 пациенти, еден се враќа од Белград
Стабилна е состојбата на повредените од пожарот во Кочани сместени на клиниките во Скопје. Министерот за здравство, Арбен Таравари на денешната прес-конференција соопшти дека денес на домашно лекување заминуваат 12 пациенти, додека на клиниките остануваат уште 27.
-
Македонија 25.03.2025 10:23
Проширениот тим од обвинители собира докази, се најавува сослушување на 300 сведоци
Проширениот тим од Јавното обвинителство продолжува со истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 59-мина. Тимот го сочинуваат 11 обвинители, кои работат на доказите и вештачењето. Се очекува да бидат сослушани околу 300 сведоци. Има ли нови детали, што велат од Обвинителството?
-
Македонија 25.03.2025 10:00
Претрес во виничко, пронајдена дрога и пушка, приведен дилер
Вчера во 18.40 часот во Виница од страна на полициски службеници од НККР Виница и ПСОН Виница е лишен од слобода Д.Ѓ. (28) од с. Јакимово, виничко.
-
Македонија 25.03.2025 09:58
Царина со засилени контроли на лиценците во меѓународниот патен сообраќај
Во една недела Царинската управа изврши 8.181 контрола на лиценци за вршење јавен превоз, сертификати на возачи, како и дозволи за превоз кои треба да ги поседуваат товарните моторни возила и автобусите во меѓународниот патен сообраќај.
-
Македонија 25.03.2025 09:42
Герасимовски: Досега доделени 376 субвенции за велосипеди, во тек е нов повик
Во тек е јавниот повик за доделување на поединечни субвенции за купување велосипеди, е-велосипеди, е-тротинети и дополнителна опрема на Општина Центар. Градоначалникот Герасимовски, потенцира дека од 2022 година досега доделени се вкупно 376 субвенции за велосипеди.
-
Македонија 25.03.2025 09:37
На ЕНЕР објавени сите нацрт закони на Министерството за дигитална трансформација во однос на реформската агенда
Во насока на постигнување на целите дефинирани во Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан на Европската комисија (2024-2027), Министерството за дигитална трансформација информира дека се подготвени четири нацрт закони.
-
Македонија 25.03.2025 09:15
Доделување на новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година
Македонскиот институт за медиуми денеска ќе ги додели новинарските награди „Никола Младенов“ за 2024 година. Наградите ќе бидат доделени во три категории: за најдобра истражувачка сторија (прва, втора и трета награда), најиновативен новинарски производ и за најдобра репортерска фотографија.
-
Македонија 25.03.2025 09:01
Јаневска во посета на училиштата и универзитетот во Штип
Mинистерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе престојува во работна посета на Штип.
Притоа министерката Јаневска ќе ги посети ОУ „Ванчо Прке“, СОУ „Јане Сандански“ и СОУ „Славчо Стојменски“, како и Универзитетот „Гоце Делчев“.
-
Македонија 25.03.2025 08:39
Сообраќајот на патиштата се одвива нормално, по влажни коловози
На државните патишта сообраќајот се одвива нормално, по влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.










