Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат – порача премиерот Мицкоски. Тој откри дека на ниво на држава се издадени само 12 лиценци за кабареа, што значи дека огромен број објекти работат на диво.
-
Македонија 17.03.2025 18:10
-
Македонија 17.03.2025 17:38
Осомничени на распит во Обвинителството, има притворени
Осомничени на распит во обвинителство. Побарани се притвори, вклучително и за екс-министерот за економија, Крешник Бектеши. Со предистрагата се опфатени 14-мина, соопшти обвинителот Коцевски.
-
Македонија 17.03.2025 17:29
Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани
Повеќе од 50 повредени се на лекување во странство. Уште пред формирањето на кризниот штаб во МНР и активирање на механизмот за цивилна заштита и помош на ЕУ, стигнале понуди од соседни и пријателски земји за помош. 12 часа по трагедијата, првите 4-ца пациенти биле пренесени во Грција.
-
Македонија 17.03.2025 17:00
Филипче: Истрагата да биде брза и ефикасна, никој да не биде поштеден
Не е време за политизирање на случајот. Во моменти на огромна болка и тага важно е да останеме единствени и сплотени, порача претседателот на Социјалдемократскиот Сојуз, Венко Филипче. Фокусот сепак е на истрагата.
-
Македонија 17.03.2025 16:42
Повредите кај пациентите префрлени во Србија класифицирани како сериозни и опасни по живот
Девет пациенти кои се здобија со тешки телесни повреди во пожарот во Кочани, се хоспитализирани во Ургентниот клинички центар на Србија, додека седум пациенти се примени на Воената медицинска академија (ВМА).
-
Македонија 17.03.2025 16:13
Парична помош од Општина Куманово за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани
Денеска се одржа вонредна седница на Совет на Општина Куманово со една точка на дневен ред – „Предлог – Одлука за доделување на парична помош од буџетот на Општина Куманово по трагичниот настан предизвикан од пожар во дискотека во Кочани кој се случи на 16.03.2025 година“.
-
Македонија 17.03.2025 15:46
Активиран механизмот за цивилна заштита на ЕУ, во МНР отворена книга на жалост
Отворена e телефонска линија за психолошка поддршка на пациентите. Кризниот штаб го координира испраќањето на повредените во странство. Шефот на дипломатијата Муцунски информираше за активностите со нашите партнерски земји за преземање на загрозените.
-
Македонија 17.03.2025 15:31
Кочанчани на протест по трагедијата
Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесе оставка. Рече дека е скршен од трагедијата, и ги повика институциите да утврдат одговорност на секој инволвиран. Во градскиот парк во Копчани мирен протест.
Известува Наташа Јанчиќ-Менковски.
-
Македонија 17.03.2025 15:20
Филипче: Објективна истрага и одговорност
Ние сме рането општество, довербата во институциите е срозена, мора да има целосна и транспарентна истрага, никој не смее да биде поштеден – став на лидерот на СДСМ.Прес-конференцијата на Филипче ја следеше Марина Стојанова-Тонева. -
Македонија 17.03.2025 15:12
Мицкоски: Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост
Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат, порача премиерот Мицкоски. Тој откри дека на ниво на држава се издадени само 12 лиценци за кабареа, што значи дека огромен број објекти работат на диво.










