Трагедија во Кочани
Мицкоски: Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост
17.03.2025 15:12
Премиерот Мицкоски категоричен – ќе нема милост за ова масовно убиство, кое некој го дозволил за пари...

Трагедијата во Кочани претставува масовно убиство – тука нема милост, за уши ќе ги вадиме и ќе одговараат, порача премиерот Мицкоски. Тој откри дека на ниво на држава се издадени само 12 лиценци за кабареа, што значи дека огромен број објекти работат на диво.
Министерот за здравство Таравари со најнов пресек на состојбата на повредените. Пациентите од Кочани и Штип се пренесени во Скопје. Неколкумина сè уште се во критична состојба.
Над 50 повредени се пренесени на лекување во странство, напомош во Македонија пристигнаа 15 специјалисти од странство.
Известува Александра Велинова
