Претседателот на Собранието Гаши ги посети повредените на клиниката „Св. Наум Охридски“. Докторите велат дека прават се што можат.
Известува Наташа Јанчиќ- Менковски.
Претседателот на Собранието Гаши ги посети повредените на клиниката „Св. Наум Охридски“. Докторите велат дека прават се што можат.
Известува Наташа Јанчиќ- Менковски.
59 мртви и 155 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани. Ова се последните информации што ги соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој соопшти дека по четворица е распишана централна потерница.
59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани се 35 лица, од кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип.
Жртви во пожар во дискотека во Македонија“, „Десетици повредени“-веста за трагедијата во Кочани одекна низ регионот и низ светот. Си-Ен-Ен и Би-Би-Си известуваат за несреќата.
Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.
Јавниот обвинител Коцевски пристигна на местото на несреќата во Кочани. Се истражуваат причините за пожарот. Соопшти дека по негов налог е формиран истражен тим од петтмина обвинители кои имаат задолженија да го расчистат овој случај.
Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош, засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
Претседателката Гордана Сињановска-Давкова ги посети повредените во општата болница „Св. Наум Охридски“.
Известува Фиљана Кока.
Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани.
Министерот за здравство Таравари по состанокот на кризниот штаб изјави дека вкупно 118 лица се повредени во трагедијата во Кочани. Нагласи дека нема пациент што не е згрижен и дека сите здравствни капацитети низ државата се ставени во функција.