59 лица загинаа во големиот пожар што утрово се случи во дискотека во Кочани. Повредени се 155 лица, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Од загинатите идентификувани се 35 лица, од кои 31 лице од Кочани и 4 од Штип.
-
Македонија 16.03.2025 12:34
-
Македонија 16.03.2025 11:47
Веста за трагедијата во Кочани одекна низ регионот и низ светот
Жртви во пожар во дискотека во Македонија“, „Десетици повредени“-веста за трагедијата во Кочани одекна низ регионот и низ светот. Си-Ен-Ен и Би-Би-Си известуваат за несреќата.
-
Македонија 16.03.2025 11:30
МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во здравствените установи, 18 се во критична состојба
Со длабоко сочувство кон семејствата и блиските на сите засегнати од трагедијата во Кочани, Министерството за здравство изразува солидарност и поддршка во овие тешки моменти.
-
Македонија 16.03.2025 11:18
Јавниот обвинител Коцевски пристигна на местото на несреќата во Кочани
Јавниот обвинител Коцевски пристигна на местото на несреќата во Кочани. Се истражуваат причините за пожарот. Соопшти дека по негов налог е формиран истражен тим од петтмина обвинители кои имаат задолженија да го расчистат овој случај.
-
Македонија 16.03.2025 10:53
Таравари нагласи дека засега има доволно количини крвни единици
Повредените од пожарот во дискотеката во Кочани се згрижени низ државните болници и на Клинички центар во Скопје и на сите им е укажана медицинска помош, засега имаат капацитети државните болници да ги згрижат сите повредени, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.
-
Македонија 16.03.2025 10:22
Претседателката Сиљановска-Давкова ги посети повредените
Претседателката Гордана Сињановска-Давкова ги посети повредените во општата болница „Св. Наум Охридски“.
Известува Фиљана Кока.
-
Македонија 16.03.2025 09:56
Мицкоски: Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија
Ова е тежок и многу тажен ден за Македонија! Загубата на толку многу млади животи е ненадоместлива, а болката на семејствата, на најблиските и пријателите е неизмерна. Во овие моменти на длабока тага, нашите мисли се со оние што ги загубија своите сакани.
-
Македонија 16.03.2025 09:51
Таравари: 118 лица повредени во пожарот во Кочани
Министерот за здравство Таравари по состанокот на кризниот штаб изјави дека вкупно 118 лица се повредени во трагедијата во Кочани. Нагласи дека нема пациент што не е згрижен и дека сите здравствни капацитети низ државата се ставени во функција.
-
Македонија 16.03.2025 09:36
Тошковски: 51 загинат, над 100 повредени во пожарот во Кочани
Искри од пиротехнички средства го зафатиле таванот кој лесно бил запалив и најверојатно го предизвикале пожарот во дискотеката во Кочани. Во пожарот кој брзо се проширил животот го загубиле 51 лице, а над 100 се повредени и се префрлени на клиниките во Штип и Скопје.
-
Македонија 16.03.2025 09:33
Трагедија во Кочани, МВР активно работи на утврдување на причините
Министерството за внатрешни работи активно работи на утврдување на причините за трагедијата, додека во тек е испрашување на сведоци и одговорни лица. Јавните обвинители вршат увид на место на настанот.
Од Кочани известува Анита Димитријевска-Велковска.










