Осудениците, кои моментално издржуваат затворска казна ќе се стекнат со право на здравствено осигурување, најавија Фондот за здравство и Управата за извршување санкции.
Наташа Јанчиќ-Менковски беше на прес-конференцијата.
Осудениците, кои моментално издржуваат затворска казна ќе се стекнат со право на здравствено осигурување, најавија Фондот за здравство и Управата за извршување санкции.
Наташа Јанчиќ-Менковски беше на прес-конференцијата.
Почнува вработувањето на приватните специјализанти. Од 108 здравствени установи, 20 ги завршиле систематизациите и можат да дадат решенија, преостанатите ќе треба да ja почекаат систематизацијата од министерството за администрација.
Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката „Бит Пазар“ каде е отворен нов, целосно реновиран специјалистички педијатриски пункт.
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, заедно со неговиот заменик, Ерџан Селими, денеска ја посетија Општина Гази Баба, како дел од теренските посети на општините „Каде што срцето е дома“.
Денеска во Основниот суд Струга, после 10 месеци, продолжува судењето за оштетената Јалдз Веапоска, родилка од Дебар, која на царски рез остана без матката, јајникот и бубрегот.
Финансиската едукација е дел од стратегиските цели на Народната банка, којашто преку обезбедување непрекинатост во процесот и постојано зголемување на опфатот на населението од различни целни групи, цели кон унапредување на финансиската писменост во земјава.
Во текот на вчерашните активности на полициските службеници од сите осум сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ државава, издадени беа 809 платни налози, додека пак наплатени беа 486 прекршочни платни налози.
Денеска кога го празнуваме Свети Трифун, заштитник на лозарите се исплатија 315.745.324,00 денари кон 11.689 лица. Исплатата се однесува за подмерката 1.11 за остварено производство на грозје, информираат од Министерството за земјоделство.
По повеќе од три децении, за првпат се изврши комплетна реконструкција на улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало, кои претходно беа во многу лоша состојба, со оштетен асфалт и без атмосферска канализација.