Продолжува судењето за оштетената родилка од Дебар, Веапоска
Продолжува судењето за оштетената Јалдз Веапоска, родилка од Дебар, која на царски рез остана без матката, јајникот и бубрегот. Обвинети се гинекологот и тогашен директор на струшката болница Мухамед Асани...

Денеска во Основниот суд Струга, после 10 месеци, продолжува судењето за оштетената Јалдз Веапоска, родилка од Дебар, која на царски рез остана без матката, јајникот и бубрегот. Обвинети се гинекологот и тогашен директор на струшката болница Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска.
Во судницата се очекува да биде презентиран извештај од извршеното супервештачење, откако одбраната и обвинителството имаа спротивставени вештачења за тоа дали вадењето на органите претставувало тешко дело против здравјето на луѓето или претставувало неопходна интервенција за спасување на животот на Веапоска.
Токму изработката на супервештачењето беше причина 10 месеци да се чека да се одржи судењето.
