Националното координативно тело за следење на состојбите со недискриминација и реализацијата на законите, подзаконските акти и стратешки документи во оваа област (НКТ) денеска ја одржа првата конститутивна седница со која претседаваше министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир
-
Македонија 12.02.2025 20:13
-
Македонија 12.02.2025 19:41
Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста на измените на КЗ
Уставниот суд поведе постапка за оценка на уставноста на оспорените измени на Кривичниот законик од 2023-та година, со кој застареа голем број дела на поранешни функционери. Спорните одредби Судот ќе ги испрати до Собранието и ќе му даде рок од шест месеци да интервенира во Законот.
-
Македонија 12.02.2025 19:28
Герасимовски: Целосно ја исчистивме дивата депонија зад Буњаковец
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, информира дека целосно е исчистена дивата депонија зад катната гаража во Буњаковец, која беше лоцирана во близина до ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
-
Македонија 12.02.2025 18:19
Утре променливо облачно со повремен локален снег во планинските региони
Променливо облачно со повремен локален снег претежно во планинските региони, а на повисоките места во западните и северните делови понекаде со повремен дожд кој ќе преминува во снег.
Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарие.
-
Македонија 12.02.2025 17:39
Поведена постапка за измени во Кривичниот законик
Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за уставноста на измените на Кривичниот законик, по чие донесување многу дела застареа. Ќе му испрати извештај на Собранието дека има сомнеж во уставноста на Законот и ќе му даде рок да интервенира и да ги смени спорните одредби.
-
Македонија 12.02.2025 17:31
Преку системот на Европол ќе се обезбедуваат податоци за банкарски сметки и имот во странство на корумпирани бизнисмени и функционери
Врз основа на заклучоците од состанокот и на претходните согледувања од спроведувањето на Упатството за давање приоритет на предметите за кривични дела од областа на корупцијата и од особен јавен интерес, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска го дополни тоа задолжително упатст
-
Македонија 12.02.2025 16:22
Доживотен затвор за убиецот на Емилија Пешева
Основниот суд во Штип изрече доживотна казна затвор на Фадил Зејнелов за убиството на 29-годишната Емилија Пешева. Зејнелов призна вина за убиството на неговата партнерка.
Болката е голема, загубата ненадоместлива, но пресудата е праведна, вели таткото на Емилија.
-
Македонија 12.02.2025 16:11
Втор повик за финансиска поддршка на општините
Од денеска сите општини ќе може да аплицираат на вториот повик за финансирање на проекти, вреден 15 милјарди денари, пари обезбедени од унгарскиот заем.
-
Македонија 12.02.2025 15:53
Министерството за правда ја почна постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски
Министерството за правда, по налог на Владата ја почна постапката за разрешување на државниот обвинител Коцевски. Се изработува документот којшто ќе ги содржи аргументите зошто се бара негова смена. Потоа, Советот на јавните обвинители ќе треба да даде позитивно или негативно мислење.
-
Македонија 12.02.2025 15:18
Дел од членовите на Судскиот совет за кои е поднесена интерпелација писмено ќе се произнесат во законскиот рок
Весна Дамева и Тања Чачарова-Илиевска, членови на Судскиот совет, за кои владејачкото мнозинство поднесе интерпелации во Собранието изјавија дека ги анализираат документите и во рок од 10 дена ќе се произнесат.









