Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски оствари билатерална средба со Н.Е., д-р Мохамед Хамад Ал Куваити, раководител на сајбер безбедноста за Владата на Обединетите Арапски Емирати и претседател на Советот за сајбер безбедност на ОАЕ.
-
Македонија 12.02.2025 09:21
-
Македонија 12.02.2025 09:20
Министерот Мисајловски во Брисел на состаноците на Северноатлантскиот совет на ниво министри за одбрана
Денеска и утре, министерот за одбрана Владо Мисајловски ќе учествува на состаноците на Северноатлантскиот совет на НАТО, на ниво министри за одбрана. Во Брисел денеска министерот ќе учествува на состанокот на Контакт-групата за Украина, за прв пат предводена од Обединетото Кралство.
-
Македонија 12.02.2025 09:14
Сиљановска-Давкова учествуваше на „Глобалниот женски појадок 2025“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова учествуваше на настанот „Глобален женски појадок 2025“, што се одржа на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје на тема „Поврзување за одржлива иднина“.
-
Македонија 12.02.2025 08:57
Во Собрание посета на специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан
Собранието денеска ќе го посети специјалниот претставник на Словенија за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.
Како што информираат од собраниската прес-служба, Франгеш ќе се сретна со претседателот на Собранието, Африм Гаши.
-
Македонија 12.02.2025 08:53
Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -10 степени, -8 било во Крива Паланка и Попова Шапка, -6 во Велес, -5 во Штип, Скопје-Петровец, -4 во Маврови Анови, Струмица, Крушево, Виница и Скопје-Зајчев Рид
-
Македонија 12.02.2025 08:38
Нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ
Допрва треба да се донесе нов Закон за ветеринарно здравство, за усогласување со регулативата на ЕУ, и за контролата на болести.
-
Македонија 12.02.2025 08:31
Премиерот Мицкоски во посета на Општина Кавадарци
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе биде во посета на општина Кавадарци, каде ќе го пушти во употреба реконструираниот пат од село Дабниште до село Ресава.
-
Македонија 12.02.2025 08:30
Без вода денеска Градскиот трговски центар
Градскиот трговски центар денеска од 8 часот, според најавите, ќе остане без вода. Причина за прекинот е дефект на улицата „Филип Втори“ пред Градскиот трговски центар.
Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираа дека прекинот ќе трае до санирање на дефектот.
-
Македонија 12.02.2025 08:28
Сообраќајот се одвива тековно, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 12.02.2025 08:18
На собраниска седница гласање за новите членови на Советот на АВМУ
Собранието денеска ќе ја одржи 34-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 25 точки, меѓу кои и Предлог-одлуката за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.










