Еден убиен, тројца ранети и четворица уапсени е билансот од вооружената престрелка доцна синоќа во Чаир. Според МВР, престрелката се случила околу полноќ на паркингот пред продавница кај аутлет трговски центар во Топанско поле.
-
Македонија 11.02.2025 11:24
-
Македонија 11.02.2025 10:43
ОЈО изврши увид и обезбеди докази по престрелката во Чаир
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската општина Чаир, каде во оружен инцидент ноќеска беше убиено едно лице, а две беа повредени, соопштија од ОЈО.
-
Македонија 11.02.2025 09:48
Едно лице е убиено во пукање синоќа во Топанско поле
Едно лице е убиено, а едно е повредено во престрелка што синоќа се случила во Топанско поле во Скопје.
Повреденото лице е во стабилна состојба, а според неофицијалните информации убиениот и повредениот се на возраст од околу 35 години.
-
Македонија 11.02.2025 09:00
Министерот Андоновски на Светскиот самит за влади 2025
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски е во тридневна посета на Обединетите Арапски Емирати, каде што ќе присуствува на Светскиот самит за влади 2025.
-
Македонија 11.02.2025 09:00
Најстудено утрово било во Берово, најмногу снег на Попова Шапка
Најстудено утрово било во Берово каде што се измерени-10 степени, -7 било во Крива Паланка, Маврови Анови и Попова Шапка, -6 во Скопје-Петровец, Тетово, Битола, Куманово, Велес и Крушево, -5 во Скопје-Зајчев Рид, Штип, Прилеп, Демир Капија и Струмица, -4 во Претор, Кавадарци и Виница, -3 во Охрид
-
Македонија 11.02.2025 08:43
Средба на министерот Муцунски со претставници на Европско-австралискиот бизнис совет
Продлабочувањето на економската соработка е во фокусот на работната посета на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Австралија.
-
Македонија 11.02.2025 08:29
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 11.02.2025 08:11
Денеска во Собранието седници на четири комисии
Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за еднакви можности на жените и мажите, за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.
-
Македонија 11.02.2025 08:07
Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе се обрати на настанот „Глобален женски појадок 2025“ што ќе се одржи на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 11.02.2025 08:02
Наутро студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Утрото студено, преку денот променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Во западните делови и особено во југозападните, од пладневните часови ќе има услови за појава на слаб повремен снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.










