Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски денеска информира дека тргнува првиот воз од Скопје за Куманово – во 16 часот и 30 минути.
-
Македонија 05.02.2025 13:27
-
Македонија 05.02.2025 13:18
Невладините бараат формирање на регистар на сообраќајни несреќи
Невладините бараат формирање на регистар на сообраќајни несреќи, од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, апелираат внимателно да се вози, особено на местата мапирани како црни точки. -
Македонија 05.02.2025 13:13
Претреси во зградата на МВР поради сомнежи за злоупотреба на тендери
Полициска акција во МВР. Се прават претреси поради сомнежи за злоупотреба на тендерски постапки. Претреси се вршат во канцеларии на повеќе началници и вработени во повеќе организациски единици на МВР.
Известува Наташа Јанчиќ - Менковски.
-
Македонија 05.02.2025 13:12
Се испитува одговорност за родителите на Васил
Проширена е постапката што се води против Васил Јованов кој на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова, за испитување на влијанието и дејствата на неговите родители. Во сабота најавен протестен марш во Неготино.
Анита Димитријевска-Велковска известува.
-
Македонија 05.02.2025 12:48
Казни за две струмички фирми поради непочитување на Законот за управување со отпад
Две фирми од Струмица добија прекршочни платни налози од по 9 илјади евра додека нивните управители по 500. Тие или ќе ги платат во рок од 8 дена на половина или имаат право на жалба кај судот. Казни имало и претходно вели градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов.
-
Македонија 05.02.2025 12:46
Доделени уверенија на кандидатите за судии и јавни обвинители од осмата генерација
Новите судии очекуваат да ја вратат довербата кај населението во судството. Велат научиле многу во Академијата и ќе го спроведат на дело.
И првиот човек на Судскиот совет се надева дека овојпат новите судии и обвинители нема да бараат место за работа само во Скопје.
-
Македонија 05.02.2025 11:46
Претрес кај ексдиректорот на СОЗР, Мирчевски
Финансиската полиција влезе во домот на поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата (СОЗР), Пеце Мирчевски и врши претрес барајќи докази за сомневањата дека во периодот од 2021 година како директор на владината служба вршел злоупотреби во делот на јавните набавки.
-
Македонија 05.02.2025 11:38
МВР со голема полициска акција внатре во своите редови
МВР од утрово спроведува голема полициска акција внатре во своите редови. Во тек се претреси во зградата на Министерството.
-
Македонија 05.02.2025 11:33
Муртезани на средба со претседателот на ЕЕСК, Оливер Ропке
Вториот ден од работната посета на Брисел, министерот за европски прашања Орхан Муртезани го започна со средба со Оливер Ропке, претседател на Европскиот економски и социјален комитет (ЕЕСК), на која се разговараше за улогата на економско-социјалните партнери и граѓанското општество во евроинтегр
-
Македонија 05.02.2025 10:17
Приведен делчевец за предизвикување пожар
Вчера во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштија од МВР.










