Прмеиерот Христијан Мицкоски оствари телефонски разговор со Дејвид Лами британскиот државен секретар за надворешни работи, Комонвелт и развој. Како што соопштуваат од Владата, соговорниците размениле мислења за актуелните состојби, економската и политичка соработка.
-
Македонија 27.01.2025 13:47
-
Македонија 27.01.2025 13:28
Филипче: Црна кампања и прикривање извештаи
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кого ВМРО-ДПМНЕ изминативе денови го прозива за поврзаност со веледрогеријата, што според нив е одговорна за кризата на Онкологија, попладнево одржа прес-конференција.
Известува Ирина Гелевска.
-
Македонија 27.01.2025 13:22
Неделава решение за недостигот од терапија на Онкологија
Се зголемува условниот буџет на Онкологија. Надлежните уверуваат дека ќе се разреши кризата со недостигот од биолошка терапија, таблетарната ќе се подига и надвор од Клиниката.
Известува Андријана Ѓурческа.
-
Македонија 27.01.2025 13:21
Палевски побара изземање на Обвинителството
Во Кривичниот суд во Скопје, ново рочиште за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, прво откако сведокот Гоце Трајковски сам се пријави во полиција за друго дело. Судењето траеше експресно кратко. -
Македонија 27.01.2025 13:17
80 години од ослободувањето на „Аушвиц“
Преживеаните зборуваат, светот да слуша – 80 години од ослободувањето на нацистичкиот логор на смртта „Аушвиц – Биркенау“. 54 меѓународни делегации пристигнаа во Полска за комеморативната церемонија.
-
Македонија 27.01.2025 12:35
Струмица повторно со загаден воздух – екоактивистите најавија протести
Струмица e повторно меѓу најзагадените градови во земјава со штетните ПМ 10 честички во воздухот. Министерството за животна средина по четврти пат издава препораки и мерки како да постапуваат институциите за да се заштитат граѓаните кои веќе стравуваат за своето здравје.
-
Македонија 27.01.2025 11:48
Муцунски – Саар: Продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка
Продлабочување на билатералните односи, со посебен фокус на економската, технолошката и научната соработка, биле теми на денешниот телефонски разговор на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саар.
-
Македонија 27.01.2025 11:43
Палевски побара изземање на обвинителката, судењето одложено за 3-ти февруари
Првообвинетиот за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо, на почетокот на денешното рочиште, побара изземање на јавната обвинителка Жаклина Крстевска и целото ОЈО Скопје во случајот поради несоодветно спроведена истрага.
-
Македонија 27.01.2025 10:36
Собраниска делегација на зимската сесија на ПССЕ во Стразбур
На зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, која се одржува во Стразбур, Франција, од денеска до 31-ви јануари ќе учествува собраниска делегација во состав Марија Петрушевска, како шеф и Бисера Костадиновска-Стојчевска и Беким Ќоку, како членови.
-
Македонија 27.01.2025 09:41
Посебен режим на сообраќај денеска и утре во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска (27.01.) и утре (28.01.2025) во официјална посета на Република Северна Македонија ќе присуствува Претседателот на Собранието на Република Црна Гора, г.










