Игран филм

ДЕРДЕВИЛ

Сабота, 20:30

Кога адвокатот Метју Мардок (Бен Афлек) сè уште бил момче, неговиот татко бил убиен. Растејќи, Мардок го посветил својот живот на изведување на криминалците пред лицето на правдата. Откако бил удрен од камион што превезувал опасен отпад, Мардок ослепува, но несреќата, или поточно радиоактивниот товар што го носел камионот, му дава „радарски“ сетила, кои му овозможуваат да стане Дердевил, борец против криминалот и оние криминалци кои некако успеваат да избегаат од рацете на правдата. Заколнат непријател на Дердевил е Кингпинот (Мајкл Кларк Данкан), кој сака да го тргне од патот, па го ангажира Болзаи (Колин Фарел), супер-убиец. Дердевил ја среќава Електра Накиос (Џенифер Гарнер), која е исто така на списокот на убиени на Кингпинот.

Улоги: Бен Афлек, Џенифер Гарнер, Колин Фарел
Режија: Мајкл Стивен Џонсон