Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. По котлините ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, во западните делови од западен, а во југоисточните од северозападен правец.
-
Македонија 22.01.2025 07:48
-
Македонија 21.01.2025 19:23
Сиљановска-Давкова прими претставници на Фондацијата Херитиџ и Меѓународниот републикански институт - ИРИ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими Џејмс Карафано, виш советник на претседателот на Фондацијата Херитиџ и водечки експерт за национална безбедност и надворешна политика и Пол МекКарти, регионален директор за Европа на Меѓународниот републикански институт – ИРИ.
-
Македонија 21.01.2025 18:58
Спречени обиди за криумчарење на лекови, медицински игли, тутун, облека и обувки
Мобилен тим на Царинската управа спречи обид за криумчарење на 2.220 парчиња лекови и тоа таблети Jardiance од 25 мг – 780 парчиња, инсулин Sanofi Lantus Solostar 100 u/ml – 40 парчиња, таблети Xarelto 15 мг – 728 парчиња и таблети Eliquis 5 мг – 672 парчиња.
-
Македонија 21.01.2025 18:13
Средба Димитриевски – Рокас
Претседателот на Движење ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски денеска оствари средба со амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис Рокас, а на која присуствуваше и потпреседателот на Движењето, Павле Арсоски.
-
Македонија 21.01.2025 18:03
Мицкоски на бројни економски и политички средби во Вашингтон
Во текот на вчерашниот ден, премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на дел од инаугурациските активности на новиот претседател на САД кои се оддржаа во Вашингтон.
-
Македонија 21.01.2025 17:49
Уставен суд: Оформени се првите пет предмети во 2025 година
Во периодот од 1 до 17 јануари годинава во Уставниот суд се оформени пет предмети, по претходно поднесени четири иницијативи и едно барање за заштита на слободата и правата на граѓани.
-
Македонија 21.01.2025 17:19
Вжештена реторика на расправата за Законот за заштита на децата
Со вжештена реторика во македонското собрание мина повторната расправа за законот за измени и дополнување на Законот за заштита на децата. Законот се врати во законодавниот дом, откако претседателката Гордана Сиљановска Давкова не го потпиша указот за негово прогласување.
-
Македонија 21.01.2025 16:01
Тешко повреден ученик по пад од трет кат на училиште
Тешко повреден единаесетгодишен ученик од шесто одделение во прилепското основно училиште „Гоце Делчев“. На првиот училиштен ден, детето паднало од највисокиот кат од училишната зграда. Се лекува на детската клиника во Скопје.
-
Македонија 21.01.2025 15:47
Андоновски: Ако мерките потфрлат, Тик-ток ќе се забрани
Ако мерките потфрлат, платформата Тик – ток во земјава ќе се забрани, вели министерот Андоновски, но според него, тоа би бил последен чекор кој би го презела Владата за справување со штетните влијанија од т.н. тик-ток предизвици.
-
Македонија 21.01.2025 15:13
Нема биолошка терапија за онколошките пациенти
Онколошките пациенти речиси една недела немаат дел од биолошката терапија. Стравуваат за своето здравје, неизвесно е кога повторно ќе ја примат. На клиниката недостигаат шест лека, а можно е за брзо време да снема уште неколку.







