Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 18 часот ќе го одигра дуелот со Холандија од второто коло на Светското првенство. Турнирот го почнавме добро со реми против фаворитот Унгарија, иако имавме големи шанси и да го освоиме цел плен и да почнеме со победа во рамки на групата Д.
-
Македонија 17.01.2025 13:45
-
Македонија 17.01.2025 13:37
Протест на дел од администрацијата пред Финансии
Пред Министерството за финансии продолжија протестите на дел од вработените во државните институции кои бараат 30-процентен додаток на плата и колективни договори.Борис Грујоски известува. -
Македонија 17.01.2025 13:35
Седница на Националниот совет за евроинтеграции
Прва седница на Националниот совет за евроинтеграции на овој парламентарен состав. Пред народните избраници извештајот на Европската комисија за Македонија.
Марија Котовска ги има поентите од ставовите на членовите.
-
Македонија 17.01.2025 13:32
Паневропска унија: Македонија е подготвена да почне преговори со ЕУ
Македонија е подготвена за брзо почнување на преговорите, патот кон европска интеграција е остварлив, неоправдан е едностраниот пристап што и го порекнува правото на свој јазик и идентитет-дел од оценките на меѓународната конференција „Бизнис дипломатија – патот кон раст на економијата и меѓунаро
-
Македонија 17.01.2025 13:20
Починаа новороденчиња близначиња во прилепското село Славеј
Починаа новороденчиња близначиња во прилепското село Славеј. Обвинителството нареди обдукција за се утврдат причините. Биле во тешка состојба, семејството повикало Итна помош. Едно од близначињата починало дома, другото било префрлено во болница.
-
Македонија 17.01.2025 13:17
Новоизградена железничка пруга Куманово-Бељаковце
Пуштена во употреба железничката пруга од Куманово до Бељаковце, источната делница на Коридорот 8. Премиерот Мицкоски и министерот Николовски во воз на оваа релација заедно со новинарите.
Известува Елена Герогиевска.
-
Македонија 17.01.2025 12:46
Поднесено обвинение против 10 члена на криминална група што посредувала во проституција и тргувала со дрога
„Шипка“ ги закова десетемина гостиварци и тетовци кои повеќе од четири години наведувале на проституција, дилале дрога, переле пари. Меѓу нив се и двајца полициски службеници, едниот затворски полицаец.
-
Македонија 17.01.2025 12:23
Инспекциски надзор на Детската клиника за смртта на деветгодишното момче
Инспекторите од ДСЗИ се на терен, вршат вонреден надзор за смртта на деветгодишното момче од Свети Николе кое почина во вторникот.
-
Македонија 17.01.2025 12:10
Грипот е посебно опасен за лицата со хронични заболувања
Во тек е сезоната на грипот, лекарските ординации се со зголемен број пациенти, а се полнат и болничките оддели. Вирусот на грипот може да предизвика сериозни компликации кај заболените, но посебно ранливи се лицата кои имаат хронични заболувања.
-
Македонија 17.01.2025 11:57
Муртезани на средба со полскиот министер за прашања на ЕУ, Шлапка
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, оствари средба со полскиот министер за европски прашања, Адам Шлапка, во рамки на својата работна посета на Варшава, Полска. Средбата се одржа во духот на одбележувањето на почетокот на полското претседавање со Советот на Европската Унија.










