Во ски-центарот „Нижеполе“ на Баба Планина нова снежна покривка. Веќе има рекреативци кои уживаат во снежната идила и во чистиот воздух на оваа воздушна бања. Зимските служби работеле цела вечер, проодно е до ски-центрите, а и снегот најавува квалитетно скијање.
-
Македонија 12.01.2025 14:37
-
Македонија 12.01.2025 12:28
„Македонија пат“ со целокупната механизација е на терен, во континуитет врши расчистување на државните патишта
ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта – Македонија пат, со целокупната механизација и работна сила е на терен и во континуитет врши расчистување на државните патишта, соопштија од Министерството за транспорт.
-
Македонија 12.01.2025 09:59
Забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци во земјава
АМСМ информира дека од 09.54 часот е воведена забрана за тешки товарни возила на повеќе патни правци.
-
Македонија 12.01.2025 09:54
На Попова Шапка најстудено и со најмногу снег, најтопло во Претор
На Попова Шапка утрово е најстеудено со измерени -9 степени Целзиусови и со најмногу снег 52 сантиметри, а најтопло е во Претор со 2 степени.
-
Македонија 12.01.2025 09:19
Сообраќајот во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег, соопшти АМСМ. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се активно ангажирани на терен.
-
Македонија 12.01.2025 09:12
Македонија под снежна покривка
По студената ноќ и ниската температура, Македонија прекриена со снежна покривка. Во Скопје падна првиот снег, создавајќи бела прекривка на улиците, покривите и возилата.
-
Македонија 12.01.2025 08:56
Седумнаесет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце
Во Катлановско Блаце денеска ќе се одбележи седумнаесетгодишнината од хеликоптерската несреќа во која загинаа единаесет припадници од составот на воздухопловниот ВИНГ, кои се враќаа од мировната мисија АЛТЕА во Босна и Херцеговина.
-
Македонија 12.01.2025 08:31
Студено време и врнежи од снег, пообилни во западните делови од земјава
Времето денеска ќе биде облачно и студено, насекаде со врнежи од снег. Наместа, особено во западните делови од земјата, тие ќе бидат обилни, локално над 40 литри на квадратен метар.
-
Македонија 11.01.2025 19:35
Портокалов аларм и прогноза за обилни врнежи од снег, механизацијата подготвена за расчистување
Македонија е под циклонско влијание од север што носи снег на повисоките, но и на пониските места.
Најмногу снег се очекува во северозападните региони од земјава, прогнозираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
-
Македонија 11.01.2025 17:13
Прогноза за засилени врнежи од снег
Студена ноќ во Македонија, вечерва ќе се засилат врнежите од снег, утре ќе се разбудиме со снежна покривка. Според метеоролозите најмногу снег се очекува во северозападните региони од земјава.










