Поранешните разузнавачи во УБК, Горан Грујевски и Никола Бошковски добија највисоки казни во случајот „Тврдина“. Им се судеше во отсуство – Грујевски заработи 14 и пол години казна затвор, Бошковски 9 години и 10 месеци. Се товарат за уништување на опремата за преслушување.
-
Македонија 13.01.2025 17:05
-
Македонија 13.01.2025 16:47
Вработените во шест министерства и во ДЗС утре на протест
Вработените од шест министерства и Државниот завод за статистика излегуваат на протест. Го бараат додатокот на плата од 30%. Од синдикатот на УПОЗ велат дека остануваат на одлуката на овој начин да го изразат револтот, бидејќи платите се ниски и е неопходно да се зголемат.
-
Македонија 13.01.2025 16:24
Македонија под снег, екипите на терен работат на обезбедување проодност на патиштата
Екипите на терен работат на обезбедување проодност на патиштата, но и за расчистување на тротоарите. Граѓаните со поделени мислења, некои велат дека годинава службите не биле изненадени од снегот, други сметаат дека имаат уште работа.
-
Македонија 13.01.2025 15:55
Превојот Плетвар прооден за возила
Се чисти снегот, се посипува коловозот. Раздвижено на Плетвар. Потребно е да се биде чекор и пред новите врнежи. Превојот Плетвар е прооден за возилата. Ако треба, има и помош за тешките товарни возила.
-
Македонија 13.01.2025 15:07
Неизвесна политичката судбина на Даути
Координација во Собранието меѓу пратеничките групи за тековните работи, но не и за разрешувањето на претседателката на Комисијата за социјална политика, Илире Даути, на која пратениците ѝ изгласаа недоверба за нејзината работа.
-
Македонија 13.01.2025 14:49
Измени на Законот за странци
Предлог-законските измени за странци поставени на ЕНЕР. Со нив треба да се олеснат условите за ангажман странски работници, процедурите и критериумите за привремен престој заради работа.
-
Македонија 13.01.2025 14:37
Апел за внимателност на минусните температури
22-ца граѓани, повредени при паѓање побарале помош во старата градска болница „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Најчесто страдаат горните екстремитети, објаснуваат лекарите.
-
Македонија 13.01.2025 13:33
Службите на терен за расчистување на снегот од патиштата
Македонија под бела покривка. На дел од патните правци, забрана за тешки товарни возила. Нормализиран сообраќајот на потегот Гевгелија – Богданци каде се излизга машина за чистење на снег. „Македонија пат“ уверува дека на терен е целокупната механизација.
-
Македонија 13.01.2025 13:30
Вработените во министерствата излегуваат на протест
Вработените во шест министерства и во Државниот завод за статистика утре излегуваат на протест, го бараат додатокот на плата од 30 проценти. Министерот кој е задолжен за администрацијата Минчев признава дека платите се мали, но, вели – сумата што се бара е преголема.
-
Македонија 13.01.2025 13:29
Внимателно возење на планинските превои
Состојбата е променлива во останатите делови на Македонија. Екипите се на терен, зимската опрема за возачите е задолжителна.Елизабета Митреска известува од Плетвар.










