Првото бебе во 2025 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот. Станува збор за новороденче од машки пол тешко 3.190 грама, долго 50 сантиметар и е прво на мама и тато.
-
Македонија 01.01.2025 08:04
-
Македонија 01.01.2025 07:48
Наутро студено, преку денот сончево и тивко
Наутро студено време со услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот сончево и тивко со мала локална облачност.
-
Македонија 31.12.2024 19:22
Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, а се отселиле 2.377 лица
Во земјава минатата година се доселиле вкупно 3.176, од кои 2.654 странци, а се отселиле 2.377 лица, од кои 2.034 македонски граѓани, покажува Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија за 2024 на Државниот завод за статистика.
-
Македонија 31.12.2024 18:33
Јана и Лука најпопуларни имиња во 2024 година
Јана е најчестото женско, а Лука најчестото машко име што им се давани на новороденчињата во земјава во 2024-та година.
Според податоците на Управата за водење матични книги, меѓу најчестите имиња годинава кај новородените женски бебиња се и Хана, Софија, Дуа, Ана, Мила, Јована и Миа.
-
Македонија 31.12.2024 17:50
На новогодишната ноќ стабилно и суво време
Времето вечер на новогодишната ноќ ќе биде стабилно, суво и претежно тивко. Такво време, според УХМР нѐ очекува и во првите денови од новата година, до петок.
Утринските температури ќе бидат пониски, а по котлините ќе има услови за појава на магла.
-
Македонија 31.12.2024 17:12
Уставните измени ќе бидат тогаш кога ќе се гледа крајот на процесот, вели Мицкоски
Очекувам во новата година македонското досие во Брисел да ја види светлината. Да седнеме и да разговараме за сценариото кое ќе нè донесе до крајот, а не за една или две пречки-директен е премиерот Христијан Мицкоски за евроинтеграциите.
-
Македонија 31.12.2024 17:03
Мицкоски: Проблемот со ЈСП Скопје е административен, не е со нафтата
Повторното повлекување на автобусите на ЈСП Скопје во гаражите, според премиерот Христијан Мицкоски, не е поврзано со немање нафта туку проблемот е административен.
-
Македонија 31.12.2024 16:27
Министерот Мисајловски и генералот Лафчиски со вработените во МО и ГШ
Министерот за одбрана Владо Мисајловски заедно со началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, денеска во Министерството за одбрана се обратија на предновогодишна средба со вработените на која беа доделени признанија на пензионирани припадници, офицери и подофицери од Армијата за ни
-
Македонија 31.12.2024 15:41
Значајни настани на политичката сцена во 2024
Во годинава што изминува се случи промена на власта. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ВРЕДИ и ЗНАМ ја формираа новата Влада. По тешкиот пораз на изборите, СДСМ доби нов лидер. Избрана првата жена претседател.
-
Македонија 31.12.2024 15:22
Завршува важноста на возачките дозволи со старото уставно име
31-ви декември е крајниот рок на важност на возачките дозволи со старото уставно име. Во новата година овие возачки дозволи нема да важат, иако не поминал нивниот рок. Граѓаните се запознати со ова и веќе аплицирале за нови возачки дозволи.










