Денеска во Основниот суд во Куманово, почнува судењето на 36 годишната жена, која на 13 јуни во семејниот дом, за да се спаси од сопругот кој ја тепал и давел, со кујнски нож прво го прободела него, а потоа и свекорот.
-
Македонија 28.11.2024 08:25
-
Македонија 28.11.2024 08:21
Евроамбасадорот Рокас во посета на Битола
Евроамбасадорот Михалис Рокас денеска ќе ја посети општина Битола.
Посетата ќе почне со поединечни средби со битолскиот градоначалник Тони Коњановски и со Советот на општината, информираат од Делегацијата на ЕУ.
-
Македонија 28.11.2024 08:16
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија.
-
Македонија 28.11.2024 08:14
Во Собранието седница за пратенички прашања
Собранието денеска ќе ја одржи 21. седница, на чиј дневен ред се пратенички прашања. Ваква пленарна седница вообичаено се одржува секој последен четврток во месецот.
Според новиот Деловник, седница за пратенички прашања месецов имаше и на 21-ви ноември и траеше два часа.
-
Македонија 28.11.2024 08:12
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 28.11.2024 08:10
Сончево со мала до умерена облачност
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. По одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
-
Македонија 28.11.2024 08:06
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска и утре, 28 и 29 ноември 2024 година, ќе престојува во официјална посета на Црна Гора.
-
Македонија 28.11.2024 08:05
На Плаошник погребение на владикатаТимотеј
Посмртните останки на митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј ќе бидат погребани до јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник.
-
Македонија 27.11.2024 21:17
Двајца тинејџери се обиделе да направат разбојништво на Ленинова
СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(18) и 16-годишник, двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ во обид.
-
Македонија 27.11.2024 20:44
Одбрано новото раководство на СДСМ
Централниот одбор на СДСМ вечерва на седница го избра новото раководство на партијата.
Според информациите, нов генерален секретар на партијата е Александар Димитријевиќ, кој потекнува од Општинската организација во Гази Баба.










