За силна држава потребно е стабилно правосудство. Владата, првите реформи ги стартува од Судскиот совет. Кои се пораките упатени на дебатата за реформи во правосудниот систем, во Дневникот известува Стевче Митревски.
За силна држава потребно е стабилно правосудство. Владата, првите реформи ги стартува од Судскиот совет. Кои се пораките упатени на дебатата за реформи во правосудниот систем, во Дневникот известува Стевче Митревски.
Јавниот превоз повторно пред предизвик. Нафтата која е обезбедена од државните резерви е само до крајот на неделата. Од понеделник, повторно не е познато дали ќе сообраќаат автобусите на ЈСП. Но без поддршка останаа и од приватните превозници, бидејќи не добија повеќе пари за километар.
Верниците денеска се простуваат од митрополитот дебарско-кичевски, господин Тимотеј, чиј погреб се одржува во Охрид на Плаошник. Претходно во црквата „Света Софија“, архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан ја предводеше светата литургија во чест на големиот епископ.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од утре до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2), информираат од Управата за хидрометеоролошки рабо
Работиме на обезбедување двотретинско мнозинство за уставни промени. Кога ова прашање ќе биде ставено на дневен ред, зависи од политичкиот договор, вели првиот човек на Собранието, Африм Гаши.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово оствари средба со новоизбраниот заменик – генерален секретар на НАТО, Радмила Шекеринска.
Во Апелациониот суд во Битола се одржа втората тркалезна маса од неколкуте настани за консултации кои Министерството за правда во соработка со проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото „планира да ги организира, со цел да се обезбеди транспарентен и инклузивен процес кој ќе придонесе кон ун
Скопското обвинителство информира дека е поднесено обвинение против скопјанец кој нелегално почнал да гради хотел во Старата скопска чаршија.
Митрополитот Дебарско-кичевски господин Тимотеј ќе биде погребан во Светиклиментовиот храм на Плаошник. Опело и заупокоена света литургија во храмот Света Софија. Известува Соња Рилковска.
Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, учествувал на 10-тиот Глобален форум на Алијансата за цивилизации на ОН – УНАОК на тема „Обединети во мир: враќање на довербата, преобликување на иднината – Рефлексија на две децении дијалог за човештвото“, што се одржал во