Вчера во 15.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.П.(40) од Скопје.
-
Македонија 21.11.2024 16:09
-
Македонија 21.11.2024 15:27
Се кратат парите за превенција од болести, предупредуваат невладините
Трудниците, родилките, граѓаните без здравствено осигурување веќе две години немаат право на бесплатни прегледи – алармираат невладините организации. Решение на проблемот е побарано од здравствените власти. Дополнителен проблем-превентивните програми за малигни заболувања.
-
Македонија 21.11.2024 14:41
Утре студен бран со дожд, снег и ветер
Времето утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, попладне во западните делови ќе бидат пообилни (над 40 l/m2). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h).
-
Македонија 21.11.2024 14:20
Тензично во Собранието, избегната физичка пресметка
Тензии на собраниската седница за пратенички прашања од опозицијата. За влакно избегната физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 21.11.2024 13:45
Подобри услови за пожарникарите, единиците сè уште со стари возила
Подобри услови за работа на пожарникарите од североистокот. Три специјализирани возила за непристапни терени, опрема, и апликација за рана детекција на пожарите, добија единиците во Куманово, Ранковце, Старо Нагоричане и Липково од министерството за локална самоуправа и владата на Швајцарија.
-
Македонија 21.11.2024 13:41
Македонскиот јазик и политичкиот говор на омраза
Македонскиот јазик како културен феномен се префрла во дневната политика и политикантството и станува предмет на нецивилизирано однесување и нескриена агресија, сметаат од академската фела.
-
Македонија 21.11.2024 13:35
Потребен поголем буџет за превенција од болести
Континуирано се кратат парите за превенција од болести. Државата да обезбеди дополнителни средства и за лицата кои не се осигурани или се ранливи категории – апел од невладиниот сектор. НВО неколку пати апелираат дека парите за превенција се кратат од година во година.
-
Македонија 21.11.2024 13:27
Пратенички прашања од опозицијата
Во Собранието нова пленарна седница. Меѓу предлозите и Законите за поголема минимална плата и за нула ДДВ за дел од основните прехранбени продукти.
Миле Ристески известува од законодавниот дом.
-
Македонија 21.11.2024 13:20
ЈСП колабира, градот парализиран
Метеж на автобуските постројки, нервоза кај граѓаните, колапс на јавниот превоз во Скопје. Автобусите на ЈСП редуцирани по улиците, голем дел во гаража. Нафта нема – велат од Јавното претпријатие. -
Македонија 21.11.2024 13:19
Синоќешниот силен ветар остави сериозни траги во пелагонискиот регион
Паднати дрвја, бандери, оштетени покриви од силниот ветар во пелагонискиот регион. Испадна далноводот на Пелистер, а дел од околните села останаа без електрична енергија. Битолчани видно вознемирени од синоќешното невреме. Последиците почнаа да се санираат.










