Рекорден број пријавени и вакцинирани против сезонски грип. Се трошат последните дози. Годинава беа набавени 70 илјади бесплатни вакцини, уште 10 илјади беа донација, има и комерцијални.
Андријана Ѓурческа известува.
Рекорден број пријавени и вакцинирани против сезонски грип. Се трошат последните дози. Годинава беа набавени 70 илјади бесплатни вакцини, уште 10 илјади беа донација, има и комерцијални.
Андријана Ѓурческа известува.
Премиерот Мицкоски е во дводневна посета на Србија. Почнува меѓународниот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Шефот на владата ќе има средби со српскиот колега Вучевиќ и со претседателот Вучиќ.
Автобусите на ЈСП се вратија на скопските улици. Откако добија нафта од државните резерви, јавниот превоз постепено се нормализира, иако приватните превозници сè уште возат редуцирано. Каква е ситуацијата на терен, дали има зголемена фреквенција на возилата на ЈСП?
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имаше средба со Радмила Шекеринска, по нејзиното назначување за заменик-генерална секретарка на НАТО.
Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија се приклучува на денешниот против недостигот на јавен превоз во Скопје.
Протестот ќе започне 14 часот пред старата пошта во Скопје, по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14:30 часот.
Никој не може сам да се справи со корупцијата, како сојузници во НАТО очекуваме поефикасна борба со оваа појава, ја имате американската поддршка-повикаа претставниците на САД.
Министерот Андоновски во денешното гостување во утринската програма на јавниот сервис, нагласи дека новата апликација за дозвола за оружје којашто на граѓаните им е достапна на националниот портал за услуги е резултат на борбата против корупцијата која е во фокус и добрата соработка со Министерст
Македонските граѓани ќе може да патуваат во Кина без визи. Кинеското МНР денеска соопшти дека ја проширува политиката на безвизен режим за уште девет земји, меѓу кои и Северна Македонија.
Платформата за родова еднаквост разочарана од пресудата на Кривичниот суд во Скопје во случајот против велешаните осудени за полов напад, силување и производство и дистрибуција на детска порнографија. Оттаму сметаат дека пресудата не ја рефлектира тежината на извршените дела.
Исламската верска заедница се пожали дека не била консултирана Јени џамија да се трансформира во Музеј на христијанското и муслиманското културно наследство.