Не само што власта на Мицкоски и ДПМНЕ не презема ништо за да го намали загадувањето на воздухот туку во предложениот Буџет за 2025 година ги намали парите за животна средина, за енергетика и квалитет на воздух, соопштуваат од СДСМ.
-
Македонија 15.11.2024 10:09
-
Македонија 15.11.2024 09:45
ЦУК: Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
Евидентирани се четири пожари на отворен простор, покрај оние во урбани средини, изминатото деноноќие низ државава, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
-
Македонија 15.11.2024 09:13
Николоски ќе оствари работна средба со претставници на ЗЕЛС
Денеска заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, ќе оствари работна средба со претставници на ЗЕЛС.
Како што најавија од Министерството, предвидени се и изјави за медиуми.
-
Македонија 15.11.2024 08:42
Средба Муцунски – Демиту Хамбиса
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Н. Е Тимчо Муцунски вчера оствари средба со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Федерална Демократска Република Етиопија, со седиште во Рим, Н.Е. Демиту Хамбиса.
-
Македонија 15.11.2024 08:23
Сообраќајот се одвива непречено, по наместа влажни коловози
Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Македонија 15.11.2024 08:21
Премиерот Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија.
-
Македонија 15.11.2024 08:15
Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата. Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Нацрт- измени во Законот за Судски совет
Министерството за правда ја организира првата тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судски совет. Целта е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт-измените, подготвени од работната група на министерството за правда.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Потпишување грант договор меѓу Јапонската амбасада и Општина Могила
Грант договор вреден 68,194 евра ќе биде склучен денеска меѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Могила.
-
Македонија 15.11.2024 08:08
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.










