Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.
-
Македонија 15.11.2024 08:23
-
Македонија 15.11.2024 08:21
Премиерот Мицкоски на состанок за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој помеѓу ОН и Македонија
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски ќе присуствува на состанок на високо ниво за подготовка на новата Рамка за соработка за одржлив развој (2026-2030) помеѓу ОН и Република Северна Македонија.
-
Македонија 15.11.2024 08:15
Одбележување на Меѓународниот ден на толеранцијата
Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден на толеранцијата. Меѓународниот ден на толеранцијата ќе се одбележи со работилница за деца од повеќе училишта и од различни етнички заедници, преку креирање пораки за толеранција.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Нацрт- измени во Законот за Судски совет
Министерството за правда ја организира првата тркалезна маса за потребата од измени и дополнувања на Законот за Судски совет. Целта е поттикнување стручна расправа за содржината на нацрт-измените, подготвени од работната група на министерството за правда.
-
Македонија 15.11.2024 08:14
Потпишување грант договор меѓу Јапонската амбасада и Општина Могила
Грант договор вреден 68,194 евра ќе биде склучен денеска меѓу Амбасадата на Јапонија и Општина Могила.
-
Македонија 15.11.2024 08:08
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство
Со сослушување сведоци, продолжува судењето за двојното убиство на малата Вања и велешанецот Панче. На завчерашното судење, одбраната на Палевски, првоосомничен во случајот, тврдеше дека тој не бегал од државата, бидејќи легално заминал прво во Белград, а потоа и во Турција.
-
Македонија 15.11.2024 08:07
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади
Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
-
Македонија 15.11.2024 08:02
Променливо облачно со дожд, на повисоките места снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени.
-
Македонија 15.11.2024 08:00
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
Од денеска до 15 март возачите во возилата што учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема, информираат од МВР.
-
Македонија 14.11.2024 20:35
Македонските специјалци со специјалците од шест сојузници и земја - партнер ги развиваат своите способности на Криволак
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска на „Криволак“ ги посети припадниците на Баталјонот за специјални сили кои на најголемиот армиски полигон заедно со специјалците од Албанија, Бугарија, Црна Гора, Грција, Романија, Турција и Босна и Херцеговина ја реализираат вежбата „Wise wolf 2024“










