На неодамнешниот 74-ти регионален состанок на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, министерот за здравство и претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, доби признание од д-р Ханс Клуге, регионалниот директор на СЗО за Европа.
-
Македонија 30.10.2024 10:49
-
Македонија 30.10.2024 10:23
Министерот Муцунски учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на формулата за мир на Украина
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре учествува на Министерската конференција за хуманата димензија на формулата за мир на Украина, која се одржува во Монтреал, Канада.
-
Македонија 30.10.2024 10:06
ЦУК: Во последното деноноќие десет пожари на отворено
Во последното деноноќие имало регистрирано десет пожари на отворено на територија на цела држава. Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје вчера, од 12:30 до 6:05 часот, со едно возило гаснеле пожар на отворен простор во атарот на скопското село Брест.
-
Македонија 30.10.2024 09:30
Седница на Уставен суд, на дневен ред седум иницијативи
Уставниот суд денеска треба да ја одржи 28. седница. На дневен ред, како што е најавено, се седум иницијативи за оценување на уставност и законитост, едно барање за заштита на слободите и правата и четири предлози за одлучување со нацрт-одлуки.
-
Македонија 30.10.2024 09:10
ОЈО: Битолчанец еден час ја тепал поранешната партнерка, а откако таа си ги исекла вените насилството продолжило
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против 39-годишен битолчанец, осомничен за дело – Противправно лишување од слобода од член 140 став 5 во врска со став 2 и со став 1, како и – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО.
-
Македонија 30.10.2024 08:27
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 30.10.2024 08:19
Собранието ја усвои Националната стратегија за развој
Со 70 гласови „за“, еден против и ниту еден воздржан. Во Собранието беше усвоена Националната стратегија за развој која е патоказ и визија за чекорите во периодот 2024-та до 2044-та година. Целите на развојната стратегија се економски развој и подобрување на стандардот.
-
Македонија 30.10.2024 08:16
ЕК денес ќе го усвои пакетот извештаи за напредокот во процесот на проширување
Европската комисија денеска треба да ги усвои извештаите за напредокот на земјите-кандидатки, вклучително и за Македонија, но, ќе ја претстави и стратегијата за проширувањето.
-
Македонија 30.10.2024 08:12
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски ќе присуствува на поставување камен темелник на изградба на нова детска градинка во населено место Ново Село кај Стопански Двор во Општина Ѓорче Петров.
-
Македонија 30.10.2024 07:54
Јаневска ќе се обрати на националната конференција „Медиумска писменост во образованието“
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, ќе се обрати на националната конференција „Медиумска писменост во образованието“ што ќе се одржи денеска.










