Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје (ФВМ), денеска во Прилеп, продолжува со спроведување на циклус трибини за превенција на чума кај малите преживари.
-
Македонија 29.10.2024 08:32
-
Македонија 29.10.2024 08:26
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Орешани
Корисниците од ул. „Србија“ во општина Аеродром денеска ќе немаат електрична енергија од 9 до 12 часот.
-
Македонија 29.10.2024 08:24
Мицкоски ќе се обрати на конференцијата на „Блумберг Адрија“
Денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе се обрати на конференцијата на „Блумберг Адрија“ на тема „Економски потенцијал и развојни можности за Македонија“ во хотел Хилтон во Општина Аеродром.
-
Македонија 29.10.2024 08:22
Собранието денеска ќе ја продолжи 17-та седница
Собранието денеска треба да ја продолжи 17. седница на која на дневен ред се повеќе закони по скратена постапка.
-
Македонија 29.10.2024 08:08
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
-
Македонија 29.10.2024 08:04
Сончево со умерена облачност
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла. Преку денот сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
-
Македонија 28.10.2024 19:27
ЗНАМ: Немаме претставник во работна група за Законот за правична застапеност
Во врска со изјавата на пратеникот Халил Снопче, Движењето ЗНАМ – За наша Македонија демантира дека има свои претставници во работната група за изработка на законско решение за правична застапеност на етничките заедници, ниту пак има било каква информација дека таква работна група е формирана.
-
Македонија 28.10.2024 19:20
Филков оствари средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс во Будва
Министерот за правда Игор Филков оствари билатерална средба со еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс, на маргините на министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи кој се одржува во Будва.
-
Македонија 28.10.2024 18:40
Тошковски потпиша аранжман со кој Македонија се приклучува кон Европската мрежа за миграција на ЕУ
Делегација предводена од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска и утре во Будва, Црна Гора учествува на Министерски форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи.
-
Македонија 28.10.2024 18:27
Исчезна 27-годишно момче од Скопје
27-годишно момче од главниот град, кое имало здравствени проблеми, исчезнало вчера, а полицијата трага по него, соопшти МВР.










