Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека, по спроведена постапка согласно Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и важечките подзаконски акти, за директор на МРТ е избран Зоран Ристоски.
-
Македонија 23.04.2026 14:24
-
Македонија 23.04.2026 14:16
Лишен од слобода стружанец, кај него е пронајдена дрога
На 22.04.2026 во 15:25 часот на ул. „ЈНА“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода А.М.(27) од Струга, затоа што при извршен преглед кај него, биле пронајдени и одземени 41 паковка со марихуана.
-
Македонија 23.04.2026 13:37
Во план закон за факултет за медицински сестри
Се подготвува закон за отворање на факултет за медицински сестри, акушерки и физиотерапевти. Предлогот е тој да биде во состав на Универзитет во Битола каде веќе има висока стручна школа за медицински сестри.
-
Македонија 23.04.2026 13:18
Предлог за укинување на техничката влада
На собраниската Комисија за политички систем, предлог-измените на законите за влада и за пратеници. Се бара укинување на техничката влада и само македонско државјанство за да се биде народен избраник во Собранието.
-
Македонија 23.04.2026 12:34
Продолжен куќниот притвор на Артан Груби
Поранешниот прв вицепремиер и министер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен за нови 30 дена, информираа од Основниот кривичен суд Скопје. Мерката му е продолжена на предлог на Основното јавно обвинителство.
-
Македонија 23.04.2026 10:18
Утрово најстудено на Попова Шапка
Утрово најстудено било на Попова Шапка со-4 степени, додека под нулата се спушти и во Маврови Анови со-1 степен. Во повеќе градови температурите беа блиску до нулата, а најтопло утрово било во Гевгелија со 8 степени.
-
Македонија 23.04.2026 09:47
Уапсен екс-претседателот на ФФМ
Во акција на Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство, уапсен поранешниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини.
-
Македонија 23.04.2026 09:12
Расправа во Собранието за спроведување на институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство
Собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите денеска ќе одржи надзорна расправа на тема „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и мож
-
Македонија 23.04.2026 09:01
Вицепремиерот Николоски ќе го отвори состанокот за Коридор 8 во соработка со Делегацијата на ЕУ
Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, ќе присуствува и ќе го отвори работниот состанок на тема „Коридор 8 – активности и проекти“, кој се организира во соработка со Делегација на Европската Унија во Скопје.
-
Македонија 23.04.2026 08:43
Конференција „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026 – 2028“.
Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска ќе се обрати на конференција со која ќе се означи почетокот на втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026 – 2028“.










