Втор случај на мали сипаници во земјава. Станува збор за 12-годишен жител на Долно Коњаре во Петровец.
Првичните симптоми кај пациентот започнале пред една недела, добил ситно-црвен исип на лицето, градите и грбот, а потоа и покачена температура, конјунктивитис, кашлица и повраќање.










