Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер претежно од јужен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и ретки грмежи.
Минималната температура ќе биде од 10 до 19, а максималната од 28 до 36 степени.
Голем пожар има кај Катланово, возете внимателно по автопатот Скопје-Велес – викендиците ќе бидат одбранети, велат од Центарот за управување со кризи(ЦУК).
Од ЦУК нè информираа дека во општина Петровец кај с. Градмаци, с. Брезница и с. Катланово гори нискостеблеста шума.
Вршителот на должноста градоначалник на општина Гостивар, Валбон Лимани, денеска одржа работна средба со првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Инспекторите од четврток на терен. Трговците кои се опфатени со владината одлука за училиштен прибор ги усогласуваат цените на производите.
Доколку се утврди прекршување на одлуката на Владата ќе следуваат казни од 800 до 10 000 евра, велат од Инспекторатот.
МВР информираше дека вчера во 09.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Карпош во Скопје била пронајдена почината Н.Т.(39) од Скопје, која имала здравствени проблеми.
Пазарните инспектори од утре на терен. Ќе проверуваат дали книжарниците ги намалиле цените на училишниот прибор по ограничувањето на маржите.
Известува Ана Јосифоска-Тодоровска.
Вчера 32-годишна жена од Скопје пријавила дека на 2 септември во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот 30-годишен сопруг од Скопје, кој ѝ се заканувал и со остар предмет.
Единиците за внатрешни работи Центар и Бит Пазар и Аеродром и Драчево при СВР Скопје поднесоа кривични пријави против А.Б.(18) од Скопје и К.Д.(18) од Кавадарци.
Стружанката Беса Шеи, од почетокот на септември на работа оди со своите деца. Во детските градинки во струшко, нема персонал, не работат групите со јасли, а повозрасните деца се згрижуваат само до пладне. Беса нема каде да ги остави, па од пладне ги носи со себе во канцеларија.
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, денеска на промоцијата на велосипедската рута „Транс Динарика“ истакна дека Министерството за култура и туризам во овој проект препознава одлична можност за промоција на рекреативниот туризам, историските локалитети, природната убавина и разновидните