-
Македонија 31.07.2024 13:29
Овчеполието и денеска се бори со пожари
Пожарите во околината на Штип го зачадија и градот. Активни има и во светиниколско, кај селата Горно и Долно Ѓуѓанци претпладнево интервенираше српскиот хеликоптер, а од земја се гасат пожари кај селата Макреш, Строиманци и Ранченци. -
Македонија 31.07.2024 13:24
Сè уште гори во Старо Нагоричане, Куманово стабилно
Пожарникарите од Старо Нагоричане сè уште се справуваат со пожарите во Малотино и Рамно. Гори дабова и нискостеблеста шума, а во близина е и бор. Тие имаат воздушна поддршка од полициски хеликоптер, а помагаат и екипи на Национални шуми, армијата и мештани.
-
Македонија 31.07.2024 13:22
Пожарот над градот Пехчево е ставен под контрола
Пожарот над градот Пехчево е ставен под контрола, напорите за справување со огнената стихија траеле во текот на целата ноќ. Се гаснело од воздух, вклучени биле и доброволци од повеќе градови и месното население. -
Македонија 31.07.2024 12:33
Директорот на ТИРЗ, Димовски во официјална посета на Костал
Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски, во рамки на серијата посети на компании кои работат во индустриските зони, денес ја посети Костал во индустриската зона Косел.
-
Македонија 31.07.2024 11:08
Пожарот што избувна вчера над Пехчево е ставен под контрола
Пожарот што избувна вчера над градот Пехчево, е ставен под контрола, а за негово целосно гаснење утрово вклучени се и три хеликоптери, изјави градоначалникот на Пехчево Александар Китански.
-
Македонија 31.07.2024 11:00
МВР: Лишен од слобода маж од радовишко затоа што подметнал пожари
Вчера полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш го лишија од слобода С.Р. од с. Али Коч, радовишко, затоа што подметнал пожари во близина на с. Али Коч.
-
Македонија 31.07.2024 10:56
Северна Македонија ќе ѝ помогне на Украина со своето искуство во евроинтегративниот процес
Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска имаше средба со амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Лариса Дир, во чиј фокус беа прашања поврзани со европската интеграција и билатералната соработка.
-
Македонија 31.07.2024 09:15
Тошковски: Претрес во Скопје, пронајдени над 140 пакувања со дрога
По претходно добиени оперативни сознанија и обезбедена судска наредба за претрес, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес во дом на Р.Џ. (54) во Скопје.
-
Македонија 31.07.2024 09:05
145 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
-
Македонија 31.07.2024 08:50
Министерот за внатрешни работи на Косово, во работна посета на МВР
Делегација предводена од министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла денеска ќе престојува во официјална работна посета на Министерството за внатрешни работи.
Како што информира МВР, за косовската делегација ќе биде организиран официјален пречек во кругот на МВР.










