Вчера во 17.15 часот во гостиварски Градец, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја лишиле од слобода К.Н.(54) од Градец затоа што агресивно се однесувала и спречувала полициски службеници при вршење службени дејствија.
-
Македонија 31.07.2024 18:49
-
Македонија 31.07.2024 18:13
Скопјанец ѝ го искршил автомобилот на сопругата и упатувал закани
Вчера во 11.30 часот во СВР Скопје, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека на 29.07.2024 околу 22.40 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот сопруг И.Ц.(39) ѝ упатил закани и со тврд предмет го оштетил нејзиното патничко возило, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
-
Македонија 31.07.2024 18:07
Перински на средба со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион
Министерот за локална самоуправа Златко Перински со денешниот состанок со градоначалниците на општините од Североисточниот плански регион, ја заокружи серијата состаноци со сите градоначалници.
-
Македонија 31.07.2024 17:34
Пехчево е спасено од пожарот, локалното население мобилизирано за помош
Тешка битка со пожарите во Малешевијата. Пламените јазици ги опустошија боровите шуми во Пехчево. Огнот со хеликоптери се гаснеше од воздух за да се заштитат куќите и населените места. Најкритично беше во Негрево. Помагаа и екипи од други градови и доброволци. Градот е спасен.
-
Македонија 31.07.2024 16:53
Трипуновски на средба со Анџела Агелер, Амбасадор на САД во Република Македонија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска во просториите на министерството оствари работна средба со Амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Анџела Агелер.
-
Македонија 31.07.2024 16:41
Владата донесе нови одлуки и препораки на вчерашната седница
Владата ја усвои информацијата на Министерството за локална самоуправа за конкретни активности за финансирање на капитални проекти во општините, за кои владата согласно својата програма има план да инвестира 250 милиони евра.
-
Македонија 31.07.2024 16:29
Средба на министерот Тошковски со косовскиот министер за внатрешни работи Свечла
Денеска, делегација на Министерството за внатрешни работи предводена од министерот Панче Тошковски оствари билатерална средба со делегација на Министерството за внатрешни работи на Косово, предводена од министерот Џелал Свечла.
-
Македонија 31.07.2024 16:08
„Вреди“ тврди дека не бара паралелизам, Мицкоски вели дека МАНУ ја обединува научната мисла
Најавата за формирање Академија на науките и уметностите на Албанците ги разбранува духовите во владината коалиција. Од „Вреди“ не се откажуваат – тврдат дека во МАНУ нема вработено ниту еден етнички Албанец и оти наводно, втората по голема етничка заедница била исклучена од оваа институција.
-
Македонија 31.07.2024 15:51
Повторно се бара екстрадиција на Демири и Исламиловиќ, осудени за случајот „Монструм“
Македонија повторно бара екстрадиција на Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, осудени на доживотен затвор во случајот „Монструм“ за тероризам. По шест години, надлежните почнаа нова постапка откако претходно, во два наврата барањето беше одбиено.
-
Македонија 31.07.2024 15:24
Овчеполието и денес се бори со пожари
Пожарот кај село Орел – светиниколско, откако беше ставен под контрола, повторно се распламти, а под закана од оган денес беа и селата Долно и Горно Ѓуѓанци, Строиманци, Ранченци, Ерџелија, Немањици и Малино. Стевчо Крстев од Свети Николе во село Ранченци има фарма.










