Полициски службеници од ОВР Гевгелија лишиле од слобода шеесетгодишен државјанин на Србија, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал со екстремно голема брзина на автопатот Скопје–Гевгелија.
-
Македонија 26.06.2026 18:42
-
Македонија 26.06.2026 17:53
Народниот правобранител алармира за системски пропусти во установите за лица лишени од слобода
20-ина осуденици за кривични дела, кои се наоѓаат во психијатриската болница Демир Хисар, не се со психичка болест, туку се здрави и пресметливи, но таму завршиле изигрувајќи го системот и судовите преку коруптивни вештачења за наводно нарушено здравје, констатирал Народниот правобранител.
-
Македонија 26.06.2026 17:28
Владината реконструкција во завршница, во вторник ќе се знае новиот состав
Во вторник ќе се знае кој заминува, а кој доаѓа во Владата.
-
Македонија 26.06.2026 17:07
Нов закон за органодарителство, граѓаните сами ќе одлучуваат дали ќе бидат донори
Министерот за здравство прв ќе даде согласност да биде потенцијален донор. Очекува неговиот пример да го следат граѓаните. Но, има промени и при дарување на орган од жив дарител.
-
Македонија 26.06.2026 16:23
Партиите без детали, СДСМ со критики за реконструкцијата на Владата
Нема конечен договор за ниту едно прашање, отворени се сите опции – од движењето „Знам за наша Македонија“ не ги потврдуваат информациите дека ќе го загубат Министерството за правда, каде е Игор Филков како нивен кадар. Тие немаат забелешки за остварувањето на нивните функционери.
-
Македонија 26.06.2026 15:21
УХМР: Топол бран до средината на следната недела
Под влијание на топла воздушна маса од југ до средината на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 30 Целзиусови степени, а наместа ќе достигне до 39 Целзиусови степени.
-
Македонија 26.06.2026 13:26
Лоши услови во местата за лишување од слобода
Народниот правобранител го претстави извештајот за условите во местата за лишување од слобода – полициските станици, затворите, психијатриските болници. Лоцирани се системски слабости, и лоши услови.Марија Котовска известува. -
Македонија 26.06.2026 13:20
Новиот Закон за трансплантација по брза постапка во Собранието
Новиот закон за трансплантација на органи по брза постапка во собраниска процедура. Со него, граѓаните сами ќе одлучуваат дали по смртта ќе станат донори. Министерот Алиу рече ќе биде првиот што ќе го направи тоа.
Наташа Јанчиќ-Менковски ги има деталите.
-
Македонија 26.06.2026 13:15
Промена на ресори и на приоритетите
Реконструкцијата не се прави само поради резултатите кои се постигнати досега, туку и заради промена на приоритетите – ова е објаснувањето на премиерот Мицкоски.
-
Македонија 26.06.2026 10:40
Приведено лице од Кочани поради управување возило без возачка дозвола, пронајдена поголема количина брендирана роба
Вчера околу 18:00 часот во Кочани полициски службеници од Мобилниот тим при Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, сопреле патничко моторно возило „Опел“ со кочански регистарски ознаки управувано од Р.А.(37) од Кочани.










