Со личен пример, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски, се обиде да ги смири граѓаните кои беа вознемирени од веста на социјалните мрежи дека во водата од Скопскиот водовод е детектирана бактерија ешерихија коли.
-
Македонија 12.08.2026 19:37
-
Македонија 12.08.2026 18:55
Сведочење на градежен вештак на судењето за „Пулс“
Ако сакал да отвори дискотека, газдата на „Пулс“ требало да иницира измена на ДУП-от, а потоа и да поднесе барање за пренамена на објект доставувајќи проект и документација. Наместо тоа, одлучил незаконски да го адаптира просторот кој по закон е наменет за лесна, незагадувачка индустрија.
-
Македонија 12.08.2026 18:36
25 години Охридски договор: Фокусот денес е на реформите, владеењето на правото и младите
Вниманието да се насочи кон иднината. Да ја зајакнеме правната држава, а фокус да ни се младите во земјава, истакнаа говорниците на панел-дискусиите со кои се обележуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот договор, организирани од Министерството за односи меѓу заедниците.
-
Македонија 12.08.2026 18:03
Водата во Гостивар останува за техничка употреба
Водата во Гостивар останува за техничка употреба, институциите сè уште не даваат зелено светло за нејзина употреба. Од здравство велат преостанува уште една анализа за да се види дали е безбедна за употреба, финалната одлука ќе ја носат надлежните институции.
-
Македонија 12.08.2026 17:40
Стотина матуранти од истокот полагаат матура во УГД
Матуранти од 16 средни училишта од источниот регион изборниот екстерен матурски испит, странски јазик или математика денес го полагаа на кампус два на УГД.
Матурантите од штипските средни училишта денес се пријавиле да полагаат само англиски јазик.
-
Македонија 12.08.2026 17:02
Расте бројот на заболени од западнонилска треска, да се почитуваат мерките за заштита
83-годишен скопјанец почина од западнонилска треска на Инфективната клиника, бројот на заразени во главниот град расте. На клиниката се лекуваат 20 пациенти, од нив петмина се на респиратор. Сите се повозрасни и имаат други хронични заболувања, како и починатиот.
-
Македонија 12.08.2026 16:40
Од утре освежување со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од УХМР.
-
Македонија 12.08.2026 16:16
ЦУК: Девет пожари на отворено, пет активни
На територијата на државата денеска до 13 часот се регистрирани вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е ставен под контрола, а три се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
-
Македонија 12.08.2026 15:13
ОЈО Скопје по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче
Основното јавно обвинителство Скопје оформи предмет по допрен глас за да ги провери информациите за енормно загадување на природата со отпад во заштитеното подрачје во близина на изворите Рашче.
-
Македонија 12.08.2026 14:45
Стомачните вируси го наполнија Инфективниот оддел во Кумановската болница
Над сто пациенти дневно регистрира Инфективниот оддел во Кумановската болница. Деца но и повозрасни бараат помош поради стомачните вируси. Најчесто доаѓаат со симптоми како повраќање, дијареја, болки во стомакот и зголемена температура, карактеристични за овие инфекции.









