Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
-
Македонија 01.07.2024 09:31
-
Македонија 01.07.2024 09:26
Црвен аларм за тероризам во Србија создаде метеж на ГП Табановце
Зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
-
Македонија 01.07.2024 08:25
Мицкоски ќе присуствува на поставувањето камен темелник на нова детска градинка во Општина Бутел
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, заедно со Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на Општина Бутел Дарко Костовски, денес во Општината Бутел ќе присуствува на поставувањето на камен темелник на нова детска
-
Македонија 01.07.2024 08:11
Сончево и многу топло време
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во текот на ноќта ќе има локална појава на невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и град. УВ индексот ќе изнесува 9.
-
Македонија 30.06.2024 22:24
Венко Филипче избран за нов лидер на СДСМ
Венко Филипче е нов лидер на СДСМ. Освои 9 илјади и 52 гласа на вонредните избори за претседател на социјалдемократите. Порача дека сега е време за обнова на СДСМ и многу работа, нема време за славење.
-
Македонија 30.06.2024 20:06
Средба Муцунски - О’Брајан во Дубровник
Соединетите американски држави со нетрпение очекуваат да соработуваат со новата влада на Северна Македонија и земјава да продолжи со напредок кон евроинтеграциите, напиша на платформата икс помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џим О’Брајан.
-
Македонија 30.06.2024 19:23
Светата Стефанида Битолско-Скадарска е новата светица на МПЦ-ОА
Светата Преподобномаченичка Стефанида-Битолско-Скадарска е новата светица во православието, откако заврши канонизацијата по објавувањето на одлуката на светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.
-
Македонија 30.06.2024 19:14
Фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава е зголемена
Зголемена е фреквенцијата на сите гранични премини за влез во земјава, информираат од АМСМ.
Најголем интензитет на сообраќај има на Граничниот премин „Табановце“, каде се чека околу два часа, додека на останатите гранични премини од АМСМ велат дека се чека по околу еден час.
-
Македонија 30.06.2024 17:42
СДСМ денеска гласа за нов претседател на партијата
Гласаат над 23 илјади членови на 77 места. Во трката за челната позиција се Јован Деспотовски, Венко Филипче и Александар Бајдевски. Славјанка Петровска ја повлече кандидатурата поради сомнежи за нерегуларности. -
Македонија 30.06.2024 16:22
ЦУК: Пожарот кај Василево е уште активен, се гаси со хеликоптер
Со полициски хеликоптер се гаси пожарот кај Василево кој се заканува да се прошири на две села, информираат од ЦУК.
Хеликоптерот на МВР „МИ-171“ полни вода од малата брана, ископ за песок до Акумулација „Турија“ и носи вода кон опасниот крак.










