Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот, информираат од МВР.
-
Македонија 10.06.2024 08:53
-
Македонија 10.06.2024 08:42
Одбележување на Денот на воздухопловниот ВИНГ
Во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец ќе биде одбележан денот на воздухопловниот ВИНГ на армијата.
-
Македонија 10.06.2024 08:37
Средношколците од денеска на распуст
Денеска завршува учебната година за средношколците. За основците распустот почнува идниот понеделник. Годинава за првпат користеа и пролетен распуст.
-
Македонија 10.06.2024 08:34
Брифинг на новиот претседател на Уставен суд
Новиот претседател на Уставниот суд, Дарко Костадиновски ќе одржи брифинг за новинарите, на кој ќе ги образложи неговите активности и работата со највисоката судска институција, за уставноста и граѓанските права и слободи.
-
Македонија 10.06.2024 08:29
Средба Гаши - Агелер
Претседателот на собранието Африм Гаши напладне ќе се сретне со американската амбасадорка во земјава, Анџела Агелер.
-
Македонија 10.06.2024 08:19
Сончево и многу топло
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
-
Македонија 09.06.2024 20:48
Приведено лице кое извршило разбојништво
Денеска во 00.20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода З.К.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека на 08.06.2024 околу 23.40 часот на подрачјето на Центар физички нападнала малолетник од Скопје и му одзела пари.
-
Македонија 09.06.2024 19:47
СДСМ го прекина партискиот Конгрес
СДСМ го прекина партискиот Конгрес на којшто требаше да се анализираат причините за пораз на претседателските и на парламентарните избори. Лидерот во оставка Ковачевски, даде отчет пред членството. Општинските организации бараа време да ги разгледаат извештаите.
-
Македонија 09.06.2024 17:45
Работните групи преговараат за состав на Владата
Уставните рокови притискаат, идните коалициски партнери заседаваат, а кои имиња ќе бидат предложени за министри, заменици и државни секретари – официјално не се соопштува.
-
Македонија 09.06.2024 17:32
Ќе се мери хемиската штетност во хируршките сали
Сè уште е енигма од каде се шири непријатната миризба во хируршките сали на Клинички центар. И додека се бара решение, се трупа списокот со пациенти за операции. Трудовите инспектори бараат лиценцирани фирми за да се утврди хемиската штетност.










