Сè уште е енигма од каде се шири непријатната миризба во хируршките сали на Клинички центар. И додека се бара решение, се трупа списокот со пациенти за операции. Трудовите инспектори бараат лиценцирани фирми за да се утврди хемиската штетност.
Сè уште е енигма од каде се шири непријатната миризба во хируршките сали на Клинички центар. И додека се бара решение, се трупа списокот со пациенти за операции. Трудовите инспектори бараат лиценцирани фирми за да се утврди хемиската штетност.
СДСМ го прекина партискиот Конгрес на којшто требаше да се анализираат причините за пораз на претседателските и на парламентарните избори. Лидерот во оставка Ковачевски даде отчет пред членството. Миле Ристесски ги пренесува информациите.
МПЦ од денес е побогата со двајца нови светители. Свети Спасе Вевчански и Св. Спаса Вишенска со одлука на Синодот на МПЦ беа канонизирани во катедралната Св. Софија во Охрид.
Денешниот Конгрес на СДСМ се прекина и одложи откако раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на Извештајот за парламентарните и претседателските избори.
„Ако се сака, со добра организација, има време за сè“ – жените и девојките вака одговараат пред предизвиците и големите обврски што ги носат на сопствениот грб. За нив ова е стил на живот, не се жалат за товарот поради кој некогаш се запоставуваат и себеси.
Поради неефикасност на Државниот градежен инспекторат и инспекцискиот надзор на Управата за културно наследство никнуваат дивоградби во старото градско јадро на охрид.
Канонизација на двајца нови македонски светители. По речиси еден век процедура за нивно прогласување, Свети Спасе Вевчански и света Спаса Вишеска со одлука на Синодот на Македонската Православна Црква се прогласени за светители. Настанот се одржува во катедралата Света Софија.
Како течат преговорите меѓу партнерите во коалицијата за формирање нова Влада? Во завршна фаза се преговорите за формирање на владиниот кабинет. Сè уште официјално нема имиња кој ќе застане на чело на министерствата.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
Жената во нашето општество се става на последно место давајќи им приоритет на семејството и работата.
На партиски конгрес, СДСМ денеска ги анализира причините за резултатите од парламентарните избори што се одржаа на 8-ми мај. Партијата која беше на власт во последните речиси седум години, на изборите доживеа пораз и освои само 18 пратенички мандат.